• Latest
Центар за култура „Ацо Шопов“ - Штип / фото извор: Википедија

Студеното студенило на нашиот примитивизам

January 20, 2020
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Студеното студенило на нашиот примитивизам

Во штипскиот Дом на културата, во градот со немерлива музичка традиција - смрзнувачка. Услови како за хокеј. Непријатна атмосфера и за Симон Трпчевски и за бројната публика. Ете, во еден таков, во еден студен јануарски амбиент, Штип ја удостои нашата светска музичка ѕвезда.

January 20, 2020 09:10
in СЛОБОДНА ЗОНА
Центар за култура „Ацо Шопов“ - Штип / фото извор: Википедија

Центар за култура „Ацо Шопов“ - Штип / фото извор: Википедија

Share on FacebookShare on Twitter

од корнер: ЗОРАН ИВАНОВ

Симон Трпчески е маестро од посебно висока класа. И покрај некои релевантни светски критики кои му забележуваат дека неговите клавирски изведби не секогаш се со потребната емоционална продуховеност, тој е толку совршено технички прецизен со што истите тие критики го воспеваат како ненадминлив виртуоз на неговиот концертен инструмент. Тоа го потврдува и фактот што веќе цела деценија наназад нему му се ширум отворени вратите на сите престижни светски концертни сали.

За нас пак, тој е културен бренд. И наш амбасадор. Позначаен и посилен од било кој наш дипломат било каде во светот. Е, таа наша македонска фиданка која поради својот вонреден пијанистички талент, поради своите маестрални концерти цела деценија не се симнува од најафирмираните светски музички подиуми, најде и мотив и сила и време да стаса и во Штип.

Но, него Штип не го заслужи. Во тамошниот Дом на културата, во градот со немерлива музичка традиција, го пречека смрзнувачка. Услови како за хокеј. Непријатна атмосфера и за него и за бројната публика. Ете, во еден таков, во еден студен јануарски амбиент, Штип ја удостои нашата светска музичка ѕвезда.

Лекцијата што од тамошната бина Трпчевски им ја очита на надлежните, на организаторите, на градот и на државата, е заслужена и треба да се запомни. Во салата ниту греење, ниту прикладно светло, ниту елементарни бакрачи за нормален пијано концерт. Ниту пак можност барем уметникот да ги стопли своите пијанистички прсти.

Притоа, без оглед на неговите повремени сценски испади во поддршка на пропагандни партиски политики како онаа за референдумот за северна, по малку се злобни и бесполезни реакциите за неговиот десет годишен молк за истите тие лоши состојби во штипскиот и во сите други домови на културата во повеќето наши градови. Таквото оттргнување на вниманието од неодамнешната концертно организаторска утка, во ништо не ќе ги подобри услови во кои создаваат македонските културни дејци.

Не тоа, туку некој овде ќе треба конечно да разбере дека и тој и сите други наши успешни по светот, еве како и сега со дечкиве од Медена земја, не се само наши. Со своите дела тие пораснаа до граѓани на светот. И сега со право, со многу право сакаат, очекуваат и заслужуваат и овде дома да бидат удостоени и испочитувани светски. Тие се нашите промотори и афирматори. И тоа на она најкосмополитско поле какво што е културата. И во она највозвишеното во неа кава што е естетиката.

Но, ова не е за прв пат и не само сега. Трпчески сепак го одржа својот концерт во услови што се дефинираат како уште еден срам за сите. За цела Македонија. За надлежното министерство и за министерот. За Штип и штипјани. За градот и за градоначалникот. За општинската културна институција и за нејзиниот директор. За штипските бизнисмени и за тамошните влијателни личности. За сите. Овој настан, по кој знае кој пат веќе, ја истури сета наша некултура спрема културата.

Концертот заврши. Благодарната публика ги топлеше рацете со аплаузи. Одговорните? Тие и во предвечерието на тој студен јануарски ден си беа во своите топли државни и општински кабинети. Со парно, со греалки, со термо клими, со топла вода.

Не, не е до студот и до мракот во штипскиот Дом на културата. До толку сиромашни колку за пет, шест греалки и колку за две-три сијалици не сме.

Сиромашни сме само поради студеното студенило на нашиот примитивизам.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ