• Latest
Фото: Б. Јордановска/ ЦИВИЛ

Тркалезна маса на ЦИВИЛ: „Демократска отпорност: Стратегии и споделени решенија“ за проценка на демократските ранливости, зајакнување на институционалната, граѓанска и општествена отпорност

December 9, 2025
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ДЕМОКРАТИЈА

Тркалезна маса на ЦИВИЛ: „Демократска отпорност: Стратегии и споделени решенија“ за проценка на демократските ранливости, зајакнување на институционалната, граѓанска и општествена отпорност

December 9, 2025 15:01
in ВЕСТИ, ДЕМОКРАТИЈА, ТОП 5, ФОРУМ
Фото: Б. Јордановска/ ЦИВИЛ

Фото: Б. Јордановска/ ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода одржа тркалезната маса на тема „Демократска отпорност: Стратегии и споделени решенија“ во рамките на деветдневната стратешка, граѓанска и мултимедијална програма по повод Неделата на човековите права 2025 – „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“ – поддржана од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија, и реализирана во соработка со партнерите во Иницијативата за глобална одбрана на демократијата (DDGI) и Алијансата Вестминстер за Украина (WA4U) – меѓу кои Media Dialogue, Youth4Media, New European People’s Forum (Германија), Асоцијацијата Жан Моне (Франција) и Centro Studi Internazionali (Италија) .

Оваа тркалезна маса ги здружува експертите и практичарите за да ги проценат демократските ранливости откриени во последните години и да идентификуваат практични мерки за зајакнување на институционалната, граѓанската и општествената отпорност.

Учесниците на тркалезната маса: Зоран Иванов – новинр и аналитичар, Луан Имери – активист за човекови права и регионален претставник за Европа и Централна Азија на Aflatoun International, и Џелал Хоџиќ – претседател на СДА Македонија, заедно со модераторот Драган Мишев дебатираа на теми поврзани со проценкат на состојбата на демократијата и човековите права во земјата и регионот – авторитарни тенденции, хибридни закани, медиумска ситуација, ранливости на демократските институции: каде што е применливо – компаративна анализа на регионално ниво,  Руски/српски свет во регионот и Патот напред – препораки за демократска акција, каде направија споредба националните и регионалните пристапи, научените лекции и ги истакнаа приоритетните чекори за градење покоординирана и поцврста демократска одбранбена архитектура.

Надоврзувајќи се на претходните значајни изданија на ЦИВИЛ – Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам (декември 2024), глобалната патоказ-публикација Одбрана на демократијата и човековите права (март 2025), и Бојното поле на вистината (октомври 2025) – „Хоризонти на слободата“ создава мултидимензионална платформа за соочување со реалностите на манипулацијата поттикната од вештачка интелигенција, дезинформациите, авторитарното влијание и геополитичката агресија. Програмата го преосмислува концептот на отпорност во ера кога војувањето е истовремено и кинетичко и когнитивно, а борбата за вистината станува фронт сама по себе.

Програмата завршува со јавното објавување на Извештајот за Локалните избори 2025, кој нуди аналитички наоди и стратешки препораки што ги поврзуваат дискусиите од целата недела со долгорочниот демократски развој, отчетноста и граѓанското оснажување.

Додека светот влегува во период на длабока неизвесност, „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“ го потврдува повикот на ЦИВИЛ за обединување на јасноста, совестa, храброста и граѓанската одговорност во одбрана на човековото достоинство. Оваа деветдневна програма отвора простор за ангажман, размислување и акција посветени на заштита на темелните вредности што ги одржуваат демократските општества.

Годинешното издание ја проширува долгогодишната мисија на ЦИВИЛ за одбрана на слободата, вистината и демократските вредности.

Целосната програма може да ја прочитате тука.

М. Д.

 

 

 

Tags: Тркалезна маса на ЦИВИЛ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ