• Latest

Студентите од „1 од 5 милиони“ не дозволуваат влез во Ректоратот на БУ

September 16, 2019

Македонски туристи во Кина принудени да го тргнат македонското државно знаме

October 21, 2025
Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Саркози започна со отслужување на петгодишната затворска казна

October 21, 2025
Фото: ВИ

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025
Скриншот од видео на The Hill

(ВИДЕО) Трамп до австралискиот амбасадор: И јас не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

October 21, 2025
Моментот кога Санае Такаичи ќе победи на Долниот дом на Јапонија. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Санае Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025
Фото: Д. Мишев/ЦИВИЛ Медиа

Вајц се надева дека по локалните избори ќе се направат потребните уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот

October 21, 2025

Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

October 21, 2025
Фотографија објавена од руските власти од она што тие го тврдат како последица од нападот со дронови во Ростовската област во текот на ноќта на 21 октомври 2025 година. Фото: Јуриј Сљусар/Телеграм

Масивен украински напад со дронови врз руските Брјанска и Ростовска област

October 21, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Втор круг во 33 општини, првиот круг ќе се повтори во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

October 21, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Студентите од „1 од 5 милиони“ не дозволуваат влез во Ректоратот на БУ

September 16, 2019 12:03
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Студентите од протестите „1 од 5 милиони, кои четврти ден ја блокираат зградата на Ректората на Белградскиот Универзитета (БУ), денес не им дозволија влез на вработените во зградата.

Како што јави дописникот на МИА, студентите изјавија дека “било какви преговори за влез на вработените” нема да се случат се додека рекотратот на БУ не објави дека го “осудува упадот во ректоратот од страна на активистите на владеачката Српска напредна странка (СНС) кои ги нападнаа студентите”.

Пред ректоратот се професори кои се дојдени да ги поддржат студентите, ректорката на БУ Иванка Поповиќ, као и лидерот на Демократска партија (ДС) Зоран Лутовац, потпредседателката на Партијата за слобода и правда (ССП) Мариника Тепиќ и вработени во ректоратот на БУ.

Ректорот на БУ Иванка Поповиќ изјави денеска дека претставниците на ректоратот се подготвени отворено да разговараат со студентите од „Еден од пет милиони“ и дека очекуваат одредена толеранција од нивна страна и да мора да се постигне компромис.

На нивно барање „да го осудат влезот на активистите на Српската напредна партија (СНС) во зградата на ректоратот и нападот врз нив“, Поповиќ кажа дека не гледа како е тоа можно затоа што „немало никаков партиски белег“.

-Ситуацијата се менува од час во час, така да ќе чекаме трпеливо за да постигнеме договор и да ја решиме ситуацијата. Подготвени сме да разговараме отворено и очекуваме одредена толеранција. Мора да има компромис, рече Поповиќ, додавајќи дека спречувањето на вработените да ги извршуваат своите активности ќе „има ефект врз целиот универзитет“.

Поповиќ кажа дека има одредени „неодговорни изјави“ дека може да дојде до исклучување на водата и струјата, што, како што рече, „сигурно нема да се случи“.

Таа ги оцени барањата на студентите како „малку флуидни“ и дека младите „ја сфаќаат ситуацијата на еден начин“. „Ние како одговорни раковдители на универзитетот не можеме да се изразиме толку слободно како што тоа очекуваат тие од нас. Мора да бидеме одговорни во нашите изјави“, рече Поповиќ.

Причините за блокадата, како што соопштија студентите, се бројни: неодговорното однесување на надлежните (предводено од министерот за образование Младен Шарчевиќ) кон образованието, падот на списокот на универзитетот на Шангајската листа…, а главна причина за блокадата е „плагираниот докторат на министерот за финансии Синиша Мали“ и барањето ректоратот да упати службено барање до премиерката Ана Брнабиќ да го разреши Мали.

По повод упадот на студентите, претседателот Александар Вучиќ, вчера изјави дека нема да има интервенција што ја посакуваат.

-Тоа во ректоратот е израз на немоќ, желба да се испровоцира полициска интервенција, загрозување на автономијата на универзитетот. Нема да има интервенција, рече Вучиќ, додавајќи дека оние што протестираат не го почитуваат својот универзитет затоа што, меѓу другото, „влезени се во кратки панталони и дека меѓу нив има луѓе кои очигледно не се студенти.“ / МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share40Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    164 shares
    Share 66 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ