• Latest

Студентите од незнаење или страв не пријавуваат корупција на факултетите

January 24, 2022

Златна виза за пропаганда: И Латас се вклучи во дезинформациската кампања против Заев и Филипче

May 14, 2025

24 ЧАСА: ВМРО ДПМНЕ не го поддржа предлогот за помош на жртвите од Кочани; Вестминистерски сојуз за Украина – конкретни чекори за поддршка на Украина; Убиецот од Бит Пазар познат на МВР; британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ

May 14, 2025

Вестминистерски сојуз за Украина: Конкретни чекори за зајакнување на поддршката за Украина

May 14, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за БЛАГОДАРНИЦИТЕ на Тошковски

May 14, 2025

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не го поддржаа предлогот на СДСМ за помош на жртвите од трагедијата во Кочани

May 14, 2025

Нескршливоста на Украинците

May 14, 2025

Истражување: Половина од женските организации кои помагаат на жени во кризни ситуации може да се затворат за шест месеци поради глобални намалувања на помошта

May 14, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери му ја честитаат големата изборна победа на Рама; Косовската претседателка ги покани партиските лидери на консултации

May 14, 2025

ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Северна Македонија

May 14, 2025
Фотомонтажа: Х на Христијан Мицкоски/ скриншот од bi/org

Иднината на земјата меѓу гробницата на Александар и младите луѓе

May 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНТИКОРУПЦИЈА

Студентите од незнаење или страв не пријавуваат корупција на факултетите

January 24, 2022 19:27
in АНТИКОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

На УКИМ-Скопје една и пол година, а на УГД-Штип четири години ниеден студент не пријавил корупција. Студентите не ја пријавуваат зашто или ја сметаат  за нормална појава или не знаат каде и како да ја пријават или зашто се плашат од одмазда и се правно несигурни и немаат доверба дека ќе бидат заштитени од системот.

Учесници на онлајн-дискусијата „Интегритет во високото образование – поттикнување на борбата против корупцијата“, што денеска ја организираше Антикорупциската комисија, се согласија дека корупцијата не е веќе само поткуп за да се положи испит, финансиска или сексуална услуга или каква било услуга за услуга, туку има  посуптилни облици – од нелегални давачки за упис, продавање високи оценки, продавање учебници за да може да се полага испит, наметнување приватни часови од професори за студенти, но и злоупотреба на средства и нерегуларности при јавни набавки на факултетите, селективност при финансирањето, надворешни влијанија при вработување кадар и клиентелизам, сомнителни акредитации за високообразовни институции…

Студентската правобранителка на УКИМ Теа Мицевска, рече дека студентите се апатични, неинформирани и не можат да препознаат кога им се прекршени правата, а и не се многу информирани за лицето надлежно за примање пријави.

-Голем дел од студентите не знаат да се снаоѓаат со закони, повеќе сме навикнати на сервирани и подостапни информации, рече Мицевска и додаде дека покрај незнаењето, не се ни охрабруваат.

Проф. Гордан Калајџиев од Правниот факултет рече дека како назначен антикорупциски офицер на УКИМ, согласно Законот за високо образование, за една и пол година никој не дошол да пријави корупција.

-Сите тргнуваат од тоа дека е ноторно постоењето корупција. Зошто никој не дошол да пријави?, праша Калајџиев за кого е несфатливо студент, особено од професија како правната, да не се осмели да пријави, а утре треба да биде, рече тој, судија или обвинител.

Претседателката на Студентското собрание на УКИМ Ева Цветковска одговори зошто студентите немаат доверба – и покрај материјалните докази и тоа што беа осудени професори, случајот „Еразмус“, рече таа, е  вратен во прв степен што, според неа, е „многу очигледно заташкување на целата работа и обид да се одолговлечи“.

-Кога студентите гледаат дека за најсериозниот облик, за професор кој бара сексуална услуга од студентка, институциите не реагираат и намерно и тенденциозно ја заташкуваат целата работа, не разбирам како се очекува од студентите, па  дури и дека тие се виновни за непријавувањето, дека сме ние смотани што не пријавуваме. Ние не сме виновни, туку институциите што направија да немаме доверба дека нешто би презеле и за помали коруптивни дејства кога гледаме дека не се постапува за најсериозното, рече Цветковска.

За проф. Калајџиев, проблем на македонското образование е неквалитетот до таа мера што корупција повеќе и не е потребна бидејќи критериумите се, рече тој, толку спуштени што секој може да положи испит.

-Јас би се радувал да има повеќе корупција, а да се вратат некои состојби од порано во смисла на квалитетот и професионалност. Таму каде што има посериозен пристап и каде што од студентите се бара повеќе знаење, како на испитите, така и на магистерските и на докторските студии, ќе има повеќе корупција. Приликите нѐ натераа да ги спуштиме критериумите, со оглед на тоа се отворија безброј универзитети, и знаењето што го бараме од студентите во моментов е под некаков разумен стандард. Би рекол околу 50 отсто од знаењето што се бараше во 1980-тите. Кадрите што излегуваат имаат многу малку знаење, а во исто време се намалува корупцијата зашто сите положуваат така што и да сака некој да им бара пари, сексуални услуги, дури и за врски немаат потреба. И ако гледаме така на проблемот, би ме радувало да има повеќе корупција зашто тоа би било до некаде човечка последица, рече Калајџиев.

Според Слаѓана Тасева од Транспаренси интернешенл, студентите се тие што се соочуваат со последиците.

-Тие се тие кои ако гледаат дека без знаење може да се положи испитот, тогаш се оди така, а ако 50 отсто е паднат квалитетот, тоа е аларм, рече Тасева

Професори во дискусијата се осврнаа и на клиентелизмот што го поттикнуваат самките државни институции со влијанија при вработување кадар на факултетите, нагласувајќи го како поголем проблем од корупцијата во нејзиниот класичен облик – давањето мито.

Според проф. Ана Данева од Правниот факултет, корупција постои зашто години наназад тренд во државата е неказнивоста. Рече дека на факултетот имале искуство со сериозен политички притисок, условувања и партизација при регрутирање кадар и дека од три државни институции е потребна согласност и одобрување за вработување кога некој оди во пензија.

Не само во високо образование, смета таа, туку треба да се бара и во државни институции – МОН,  Одборот за акредитација, зашто таму е изворот каде што почнуваат влијанија и партизација. Според Данева, мора постојано да се прават обуки – од основно преку средно за препознавање и спречување на корупцијата.

-Македонското образование тоне, оцени Марјан Бојаџиев од Американ колеџ, посочувајќи дека и по четири години од  доносувањето на Законот за високото образование, не е направена евалуација. Рече дека нема стандарди за контрола и стандард за акредитација, формираната Агенција не си ја врши својата работа и повеќе се занимава со банални и технички прашања. Клиентелизам, според него,  е тоа што за членување во независни одбори, како за евалуација и акредитација и во Националниот совет, потребна е согласност од министерот.

-Во Македонија не е направена ниту една евалуација на универзитет од 2001 до денес. Трошиме пари за финансирање на државни институти за кои никој не знае зошто постојат, има факултети на коишто никој не се запишува и сите стануваат редовни професори. Во Македонија нема некој што се вработил па во меѓувреме да испаднал од системот. Во Интеруниверзитетската конференција нема дијалог, таа не работи ништо освен што именува членови во разни одбори, а дури во последниот состав прави апсолутна мајоризација и си дозволи да не именува ниту еден професор од приватен универзитет, рече Бојаџиев.

Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК, се согласи со некои предлози дека се потребни повеќе истражувања и сеопфатна анализа за што и ја организираше денешната дискусија. Таа посочи дека корупцијата во образованието е многу малку третирана во релевантни извештаи за корупција, но дека овој сектор често се посочува во разни анкети за искуства на граѓаните.

-Исто така, констатиравме дека во МОН не се врши проценка на ризици од корупција ниту, пак, се споменува во некои од стратешките документи во овој сектор, рече Ивановска.

Денешната беше прва од серијата онлајн тематски дебати на Антикорупциската комисија за подигање на свеста за важноста од етичко однесување и интегртитет и за достапните алатки за спречување и пријавување корупција и судир на интереси, во рамки на проектот „Промовирање на транспарентност и одговорност во јавната администрација на Република Северна Македонија”, финансиран од Европската Унија.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ