• Latest

Студентите преживуваат без вода и во смрдеа!

March 10, 2017
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Студентите преживуваат без вода и во смрдеа!

March 10, 2017 16:06
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Дел од студентите што се сместени во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје, во изминатите неколку дена немаат вода! Да не беа социјалните мрежи, за овој проблем никој немаше да дознае, затоа што студентите од овој дом, сè уште не излегле гласно да се побунат против проблемот поради кој немаат основни услови за нормален живот.

 

По социјалните мрежи се зборува дека веќе една недела, студентите се принудени за одржување на личната хигиена да полнат шишиња со вода. Конкретно, како што пишува Радио МОФ, се работи за проблем во третата зграда на погорните спратови, затоа што тие што се сместени на приземјето имаат вода.

„Четири пати се случува додека се туширам. да снема вода, и морам или да чекам да дојде, или да се вратам во соба и таму да се доисплакнам со водата од шишињата“, вели студентка сместена во третата зграда, со која разговарале новинарите на Радио МОФ.

А, од другите згради, се жалат дека немаат доволно топла вода во текот на денот.

ЦИВИЛ Медиа, за проблемот разговараше со директорката на студентскиот дом „Стив Наумов“, Даниела Темелкова.

„Го информиравме ЈП ‘Водовод и канализација’ за проблемот, и оттаму не известија дека се работи за недоволен притисок до повисоките катови, поради зафат на кој работат во тој реон. Проблемот ќе биде саниран до денеска до 14 часот“, вели Темелкова.

Истата информација ја добивме и од Министерство за образование и наука.

Со ЈП „Водовод и канализација“, за жал, нѐ може воопшто да се стапи во контакт поради проблем со нивната веб-страница.

Во известувањето што го добивме на мејл се вели дека од технички причини, електронските услуги на нашиот портал  www.e.vodovod-skopje.com.mk  ќе бидат привремено недостапни од 10 март 2017, до воспоставување на сервисот. Најверојатно, причина за тоа е преселбата на институцијата што се преместува во новата барокна Управна зграда.

На нашиот повик не одговори ни Студентскиот парламент.

Деа Здравковска, Студентски пленум

Во разговор со Деа Здравковска од Студентскиот пленум, таа вели дека најчесто студентите кои живеат во студентските домови во Скопје, за своите проблеми го известуваат Пленумот, преку анонимни пораки, од каде што понатаму ја споделуваат информацијата. Но, за овој проблем се уште не добиле информација.

„Проблемот со студентите кои живеат во студентските домови е нешто што Студентски пленум се обидува повеќе од две години да го промени, да не се плашат, но тоа оди многу тешко. Причина за тоа секако е начинот на кој се добива место во студентските домови. Ако имаат некаков проблем, само мал дел од студентите го споделуваат, и тоа со инсистирање да бидат анонимни, бидејќи навистина им прават проблеми. Никој не може да си дозволи да даде изјава, без да го изгуби леглото. Ние го разбираме тоа, но до кога можат да ги трпат условите таму? Секогаш има две на страни проблемот…“, вели Здравковска.

 

 

Оваа недела, покрај проблемот со немањето вода, студентите од „Стив Наумов“ имаат проблем и со „депонијата“ што е во непосредна близина на домот. Двата контејнера што се наменети за отпадот од студентскиот дом, подолго време не се испразнети, поради што студентите се принудени да живеат во реа.

Марија Теговска

Tags: водаДеа ЗдравковскадепонијастудентиСтудентски дом „Стив Наумов“
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ