• Latest

Субвенциите во аграрот, економска или социјална мерка?

January 14, 2021
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Субвенциите во аграрот, економска или социјална мерка?

January 14, 2021 11:50
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕРО НАУМОВСКИ

Што се случува со тутунот ?

Вчера тутунарите беа на состанок во Владата со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и откупувачите во обид да ги решат проблемите со откупот на тутунот.

.Јавноста во последните 30 години со исклучок на неколку години, во месеците кога се врши откуп на тутунот е сведок на мачни слики од разни состаноци, координации, протести, манипулации за остварување партиски агенди врз грбот на тутунарите, грди слики од откупните пунктови и разни слични настани кои оставаат мачен впечаток за талкањето на тутунопроизводителите во остварување на нивните права да ја добијат заслужената награда за вложениот труд. Тутунарите по правило се незадоволни од цената, државата е незадоволна од улогата на регулатор,  координатор и судија во спорот, а откупувачите никогаш не се задоволни од ,,квалитетот на тутунот” и условите кои треба да ги исполнат за да добијат овластување за откуп и уценување.

Производството и прометот на тутунот е регулирано со Закон за тутун и тутунски производи. Во член 1 од овој закон стои дека: Со овој закон се уредува примарното производство (производство) и финансирањето, откупот, сместувањето, обработката на откупениот суров тутун во лист (тутун), прометот на обработениот тутун, како и производството и прометот на тутунските производи. Државата од предвидените 200 милиони евра субвенции во аграрот за тутунот секоја година издвојува 30 милиони евра што претставува 15% од вкупните субвенции и 30% од субвенциите во примарното земјоделство.

Ниедна друга земјоделска култура нема таков привилегиран статус во државата. Што претставува тоа во пари? Вкупниот род по откупни цени вреди околу 70 милиони евра, а државата на оваа вредност ги субвенционира тутунарите уште со 30 милиони евра што е всушност скоро 50 % од вредноста на родот.  И покрај тоа секоја година се појавуваат големи проблеми и незадоволства при откупот.

 Каде е тогаш проблемот? Зошто ,,сите се незадоволни” ?

Можеби одговорот лежи токму во фактот што државата толку многу ги ,,гали” и се грижи за тутунарите, се обидува во секој поглед да ги заштити од алчните откупувачи и трговци и дополнително преку субвенциите да го награди нивниот тежок и мачен труд и да им овозможи пристоен и достоинствен живот на нивните семејства. Но и покрај големата грижа на државата, сепак секоја година, со исклучок на неколку, во последните 30 години, тутунопроизводителите се постојано незадоволни, разочарани и револтирани, но сепак и покрај тоа, продолжуваат секоја година да сеат тутун. Можеби и откупувачите со цел да остварат екстра профит, калкулираат со износот на субвенции кои ги добиваат производителите, при утврдување на откупните цени. Во секој случај пазарот и влијанието на понудата и побарувачката тука не е присутен. Кон ова да додадеме и тоа дека се работи за земјоделска култура која не се користи за исхрана туку за пушење кое знаеме дека го загрозува здравјето на луѓето. Ние сме една од ретките земји во светот кои сеуште, не знам од кои причини, стимулира и субвенционира производство на тутун кој го загрозува здравјето. Се разбира дека во прашање е долгогодишна традиција, знаење и искуство, поволните климатски и почвени услови кои носат висок принос и квалитет, но сепак. На сите ни е јасно дека производството на тутунот нема перспектива во иднина.

Како понатаму? Дали тутунот уште треба да се третира како ,,жолто злато” ? 

Во програмата за работа на Владата на РСМ за период 2020-2024 год. во поглавјето посветено на земјоделската политика се вели: Земјоделството е втор сектор во државата по учество во бруто националниот доход (БДП). Земјоделството е клучно за развојот на целото стопанство, рамномерен регионален развој и задржување на руралните средини во витална состојба со создавање услови младата популација да остане на нив. Предвидена е годишна финансиска поддршка од 200 милини евра за аграрната политика насочена кон создавање услови за одржливост на земјоделските стопанства кои ќе се залагаат за зголемување на производството, квалитетот на производите, заштита на животната средина, безбедност на храната, здравствена заштита и благосостојба на животните, како и кон модерно и конкурентно земјоделство и производи со додадена вредност.

Политиките на владата во земјоделството се добро поставени. Никаде во програмата не е спомнат тутунот како стратешка земјоделска култура. Операционализација на владините политики во земјоделството треба да се преточи во националната стратегија за земјоделство и рурален развој за истиот период.

Јасно е дека е неопходно и во оваа област да се преземат тешки и болни реформи. Една од тие реформи што ќе бидат неопходни, но тешки и мачни сигурно е и таа државата полека и плански да се повлекува од субвенционирање на тутунопроизводството и да остави пазарот и пазарните законитости да бидат одлучувачки фактори кој ќе се определи за одгледување на тутун. Можеби во почетокот ќе има проблеми околу пласманот и цената, но можеби токму пазарот поради помалиот обем на понуда ќе придонесе за повисоки откупни цени и секако поголем квалитет. Тој процес треба да се одвива фазно во тек на одреден период кој стручно ќе се определи и ќе им овозможи на производителите да се прилагодат на новите мерки и ќе донесат соодветни одлуки за продолжување на тутунопроизводството или ќе се преориентираат кон други култури за кои државата ќе им помогне со соодветни мерки за таа цел. Откако ќе заврши оваа реформа предвидените 30 милиони евра ќе можат да се пренаменат за други мерки во правец на ефикасно извршување на зацртаните владини политики во аграрот како што се на пример зголемување на земјоделски обработливи површини, органско производство, зголемување на сточниот фонд и други ефикасни економски мерки.

И во изминатите пет години финансиската поддршка на аграрот изнесуваше околу 200 милиони евра но економските ефекти изостанаа. Најдобар показател за тоа е перманентното поголемиот увозот на храна во однос на извозот кое во последниве години е во 2018 247 милиони евра, а во 2019 212,6 милиони евра и покрај силната поддршка на државата. Замислете, Македонија со сите потенцијали во аграрот и силната буџетска поддршка мора да потроши уште 210 до 250 милиони евра годишно за да ги задоволи потребите на населението со прехранбени производи.

Значи претстои голем предизвик со помош на ефикасни економски политики на владата во областа на аграрот и преземање непопуларни,  но оправдани реформски мерки да се остварат овие амбициозни општествени цели. Ако на субвенциите гледаме повеќе како на економски мерки, а социјалната компонента им ја препуштиме на секторите кои се задолжени за таа проблематика многу побрзо ќе ги оствариме планираните цели.

За почеток да започнеме со реформа во производството на тутунот. На старт на оваа реформа сигурно ќе се јават проблеми, но долгорочно ефектите за сите ќе бидат многу позитивни. И да, цигарите ќе бидат сигурно поскапи и пушачите ќе бидат незадоволни, но добивање на битката со штетноста од пушењето ќе биде во полза и на нивното и нашето здравје.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ