• Latest

Субвенциите во авиособраќајот на седница на Владата

May 22, 2018

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Субвенциите во авиособраќајот на седница на Владата

May 22, 2018 10:46
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Владата денеска на седница ќе расправа за информација во врска со потребата за донесување  програма за определување средства потребни за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија на домашни и странски превозници за периодот од 2018-2021 година. 

Воедно, на предлог на Министерството за транспорт и врски, треба да се разгледа и уредбата за начинот, поблиските критериуми за доделување на финансиската поддршка на домашни и странски авиопревозници и потребната документација која треба да се достави од корисниците на финансиската поддршка.

– На 69-тата седница на Владата на РМ ќе биде разгледан и посебниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за можните злоупотреби на буџетските средства, јавните фондови и средствата на јавни претпријатија и други правни лица што располагаат со државен капитал за изборен период – предвремени парламентарни избори 2016 година, кој доаѓа како предлог на Собранието на Република Македонија, најавува владината прес-служба.

На предлог на Министерството за економија, пак, ќе биде разгледaна информацијата во врска со статусот на реализација на договорите за концесија за вода за изградба на мали хидроелектрични централи склучени со Министерството.

На седницата треба да биде разгледана и информацијата од потребата за спроведување на повеќегодишна јавна набавка за избор на независна ревизорска куќа, за потребите на проектот „Рехабилитација на источниот дел од железничката пруга на коридор VIII, фаза 1 – делница Куманово – Бељаковце“, како и за јавна набавка за избор на независна ревизорска куќа, за потребите на проектот „Подобрување на железничка пруга Коридор 10″, финансирани по пат на заем од Европската банка за обнова и развој.

На дневен ред е и Годишниот извештај за примената на Законот за бесплатна правна помош, информацијата за спогодбата помеѓу Министерството за образование и вработување на Малта и Министерството за образование и наука на Македонија за заемно признавање на високообразовните степени, дипломи и сертификати, Предлог-програмата за изменување на програмата за превенција на кардиоваскуларни болести (КВБ) во РМ за 2018 година.

Собранието на Република Македонија на увид на министрите во владата ги доставило и годишните извештаи за работата на Македонската радио телевизија за 2017 година, и за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2017 година.

На владианата седница ќе биде разгледана и информацијата за реализација на кредитите и проектите од ЕБРД со гантограм и динамика на реализација, и за техничките и финансиските аспекти на имплементација на проектите на АД МЕПСО, како и извештајот за работата на Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони за периодот од 1 јули до 31 декември 2017 година. (МИА)

Tags: Влада на Република МакедонијаЗакон за бесплатна правна помошМЕПСОМинистерство за транспорт и врскиседница
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ