• Latest

Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци продолжува на 6 ноември, ќе сведочат очевидци

October 31, 2019

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025
Илустрација: ВИ

Висок тренд на неважечки гласачки ливчиња – пораст во однос на претходните изборни циклуси!

October 20, 2025

Повеќе од 53 илјади гласачки ливчиња – неважечки!

October 20, 2025
Скриншот од видео на WION

Венс за Томахавките за Украина: Трамп го слушна ова барање и сè уште одлучува

October 20, 2025

Првични неофицијални податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 302.000 гласа, СДСМ 126.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

October 20, 2025
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци продолжува на 6 ноември, ќе сведочат очевидци

October 31, 2019 15:42
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Се било како и вообичаено во автобусот на „Дурмо турс“ се до моментот кога од средната преминал на последната сообраќајна лента, без знаци на запирање ги скршил заштитните огради и излетал од автопатот. Вака го опишаа моментот на несреќата повеќето од повредените патници, кои сведочеа на денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која животот го загубија 16, а 37 лица беа потешко повредени.

Оштетениот патник Душан Стефановски рече дека на критичниот ден седел во задниот дел од автобусот.

„Автобусот беше полн и кондуктерот не дозволи ниту еден патник да стои. Се чувствуваше тресење и звуци кога автобусот возеше побрзо. Се сеќавам дека возеше на средната лента до пред несреќата. Забележав занесување на десно, па на лево и слушнав звуци. Зазедов позиција на фетус и потоа само слушав звуци. Не чув никакви звуци од моторот или кочење“, изјави сведокот.

Посочи дека има 12 години искуство во патување со „Дурмо турс“ и смета дека брзината на возење била поголема за условите на патот.

Случајот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

Петтиот повреден патник, што сведочеше на денешното рочиште Илија Ристовски, рече дека на критичниот ден не забележал ништо невообичаено кај возачот и автобусот.

„Седнав на петтиот ред зад возачот до прозорецот. Автобусот возеше во средна лента и имав чувство како да сака да претекнува, но тој продолжи. Чув од напред десно женски глас како вика „што е работата мајсторе”, но не чув одговор“, изјави сведокот.

Автобусот, според Ристовски, продолжил да се движи без никакво забавување и заштитните огради ги преминал речиси без удар.

„Факт е дека сите се возевме со „Дурмо турс“ затоа што побрзо стигаше од другите“, изјави Ристовски.

Друг патник, што можел да гледа напред од автобусот, рече дека автопатот бил празен и автобусот прво преминал на третата лента, па завртел десно и малку загубил контрола, по што повторно завртел лево и веќе удрил во заштитната ограда.

Дваесет и осумгодишна патничка од Гостивар што во последните пет години патувала на релација Скопје – Гостивар рече дека била сведок на голем број дефекти, а само два пати како автобусот бил запрен од полициска контрола.

„Без разлика кој вози од Скопје автобусот тргнува во 16:25 и секогаш дома пристигнувам во 17:35“, рече патничката. Пред да удрат во првата заштитна ограда, патничката рече дека, чула од под автобусот од лева страна тропање како железо на железо.

По несреќата, рече патничката, некој од локалното население со автомобил, ги пренел во болница заедно со возачот и уште една патничка. – Возачот ништо не зборуваше. По некое време се жалеше на болки во градите и толку, изјави патничката.

Судењето продолжува на 6 ноември. Кога треба да биде сослушана уште една повредена патничка и уште пет други сведоци, меѓу кои очевидци на настанот. За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени обвинети се шест лица.

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.


извор МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    175 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ