• Latest

Судењето за случајот „Ласкарци“ вратен на почеток

January 24, 2023
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Судењето за случајот „Ласкарци“ вратен на почеток

January 24, 2023 14:49
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

По повеќе од една година супер-вевештачења за автобуската несреќа кај село Ласкарци во која загинаа 16 лица, конечно се изготвија и беа доставени до Кривичниот суд Скопје, судскиот процес за овој случај денеска започна од почеток.

Почетокот на судењето беше само формален, бидејќи сите присутни се согласија материјалните докази во постапката само да бидат прочитани и судењето да продолжи онаму каде што застана во првичната постапка.

На денешното рочиште само се читаа насловите на двете супервештачења, како и имињата на машинските и сообраќајните инженери што ги подготвиле истите, по што следуваше ново одложување, бидејќи обвинителот и адвокатите на обвинетите побараа вештите лица да сведочат пред судот.

Семејства и роднини на починатите повторно беа присутни во судницата. Тие имаа увид во супервештачењето на кое се чекаше цела година. Според нив, тоа што супервештачењата се подготвувале цела година, а денеска вештите лица воопшто не се присутни во судница, фрла сомнеж дека некој се обидува да се спаси од одговорност.

Супервештачењето што го чекавме повеќе од една година и фактот што денеска не се појавија вештаците, повторно ни создава сомнеж дека овој судски процес не оди во насока да се избегнат секирањата и да се заборави, и со тоа да се даде можност вистината и правдата да излезат на виделина, изјави Синиша Ристовски, брат на починатиот Дејан Ристовски, починат во сообраќајката кај Ласкарци.

Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење.

Вештиот наод од Бирото за вештачење пристигна на изминатото рочиште и истиот им беше доставен на обвинителот и обвинетите преку нивните бранители.

Во изјава за медиуми по денешната расправа на која судот донесе решение, по дадена согласност на сите странки, поради економичност и целисходност на постапка, сите досега изведени докази да се прочитаат и постапката да продолжи со увид во супервештачењата, предвиден за наредното рочиште, Ристовски рече дека додека не се одржи рочиштето во четврток, на кое е предвидено да сведочат два тимови на машински и сообраќајни инженери, не можеме да бидеме сигурни дали повторно ќе има судски процес.

Tags: Ласкарцисудење
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ