• Latest

Судот на Босна и Херцеговина распиша централна потерница по Додик, Вишковиќ и Стевандиќ

March 18, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Судот на Босна и Херцеговина распиша централна потерница по Додик, Вишковиќ и Стевандиќ

March 18, 2025 10:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Откако Судот на Босна и Херцеговина им одреди притвор на претседателот на Република Српска Милорад Додик, на владата Радован Вишковиќ и на Народното собрание Ненад Стевандиќ, беше распишана централна потерница откако тие не одговорија на рочиштето за случајот во кој се обвинети за нарушување на уставниот поредок,јавуваат српски медиуми, пренесува ЦИВИЛМедиа.

Судот на Босна и Херцеговина со денови речиси и да не дава никакви информации за случајот, оставајќи се на медиумски шпекулации, а потоа излегоа со стриктно соопштение во кое наведуваат дека можат само да потврдат дека е донесена одлука со која е прифатен предлогот на Обвинителството на Босна и Херцеговина, со кое се определи мерка притвор за осомничените Додик и Вишковиќ, Стеванди.

„За сите други информации ќе бидете известени кога ќе се исполнат условите“, соопштија од Судот на Босна и Херцеговина.

Веднаш по информациите за издавање на налогот, властите на РС влегоа во процедура за формирање на субјектот гранична полиција, кој е во исклучива надлежност на државните органи.

Формирана е Работна група, која го одржа првиот состанок во врска со изготвувањето на законот со кој ќе се регулира работата на граничната полиција на територијата на Република Српска. Правната рамка на која работи Работната група ќе биде исклучиво во согласност со Дејтонскиот договор и неговиот Анекс 2“, напиша Додик на социјалната мрежа Х.

Додик се осврнува на периодот веднаш по војната до 2000 година, кога границата на РС била контролирана од ентитетската полиција, а како што тврди тогашниот висок претставник Волфганг Петрич, надвор од Дејтонскиот мировен договор, ја наметнал државната гранична служба.

Од Сараево стигнуваат предупредувања дека ова е уште еден потег што дополнително го прекршува Дејтонскиот мировен договор и одлуките прифатени од српските претставници во Парламентот на БиХ за време на реформскиот процес.

Според ДВ, одредени медиуми деновиве најавија заминување на Додик во Москва, но официјално соопштение нема. Сепак, во круговите блиски до Додик се смета дека за време на разговорот на американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин би можело да се разговара за ситуацијата во БиХ и позицијата на РС. Од друга страна, сигурна поддршка доаѓа од Србија, речиси секојдневно од претседателот Александар Вучиќ. Тој вели дека ситуацијата во Босна и Херцеговина е се потешка, но дека за се ќе „разговара со европските пријатели“.

Според достапните информации, во Србија е и претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ, кој минатиот викенд, на денот на големите студентски протести, ја посетил групата наречена „студенти кои сакаат да учат“ од владата. Пред тоа, Стевандиќ се сретна со претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, со која разговараше за актуелната политичка ситуација и им даде поддршка на српските власти во, како што рече, „обидот за рушење на државата“.

Д. Т. 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ