Судот им одреди мерка притвор на екс директорот на УБК Сашо Мијалков и на поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибрахими, откако судијата Огнен Ставрев го прифати барањето на обвинителката Фатиме Фетаи.
За Мендух Тачи и поранешните членови на ДИК, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска судот го прифати барањето за претпазливи мерки, што подразбира јавување во суд еднаш неделно.
Сашо Мијалков, Мендух Тачи и поранешните членови на ДИК добија по три години затвор, а Бедредим Ибрахими четири и пол години. Сите се прогласени за виновни во случајот Титаник 2, за поништување на гласањето во едно место во Струмица на локалните избори 2013 година.
А. Зеќири