• Latest

Судот во Тирана бара да се поведе административна постапка против министерот Бушати за навреда на Македонците

May 28, 2018

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Судот во Тирана бара да се поведе административна постапка против министерот Бушати за навреда на Македонците

May 28, 2018 12:23
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Административниот суд во Тирана пресуди во корист на Македонците во Албанија, поништувајќи ја одлуката на Комесарот за заштита од дискриминација и му наложи на истиот да ја разгледа жалбата против министерот Бушати, кој Македонците ги нарече “Славо-Македонци”.

Македонското друштво “Сонце”, поднесе жалба до Комесарот за заштита од дискриминација, барајќи јавно извинување од министерот за надворешни работи на Република Албанија, Дитмир Бушати, бидејќи при едно негово интервју дадено на 9 јануари 2017 за телевизија “Топ ченел”, коментирајќи ги состојбите во Република Македонија го користеше терминот “Славо-Македонци” за македонскиот народ.

Комесарот за заштита од дискриминација не ја прифати жалбата на македонското друштво “Сонце”, со образложение дека не ги исполнувала условите предвидени со законот  за заштита од дискриминација.

– Сметајќи дека терминологијата што ја користеше министерот Бушати е навредлива и понижувачка за Македонците, упативме жалба до Комесарот за заштита од дискриминација придружена со соодветни докази, барајќи јавно извинување од министерот Бушати за употребата на терминот “Славо-Македонци” и во иднина да не употребува навредливи термини против македонскиот народ, изјави за МИА Васил Стерјовски претседател на МД „Сонце“.

Според него, Комесарот за заштита од дискриминација ја одбил нивната жалба, по 13 месеци, со образложение дека  со жалбата не е доставен идентификациски документ на Стерјовски.

– Поради ова се жалевме до Административниот суд во Тирана каде баравме поништување на одлуката на комесарот и обврска да ја разгледа жалбата. Во судска постапка докажав дека имав доставено идентификациски документ и дека Комесарот за заштита од дискриминација во овој случај ги прекршил роковите предвидени со Законот за заштита од дискриминација, при што беше должен да донесе одлука во рок од 90 дена од денот на приемот на жалбата,  а тоа тој го направи по една година и еден месец. Административниот суд во Тирана на крајот донесе одлука со која се прифати нашата тужба, ја поништи одлуката на Комесарот за заштита од дискриминација со обврска да ја разгледа нашата жалба, вели Стерјовски.

Според одлуката на судот, посочува тој, неразгледувањето на жалбата од страна на Комесарот е неоснована со закон и факти.

Во конкретниот случај, стои во одлуката на судот, отсуството на идентификациски документ, дури и ако се докажеше дека е факт, не може да се смета како околност за да се одлучи да не се прифати жалбата.

– Одлуката е неоснована бидејќи е докажано дека подносителот на жалбата приложил со жалбата докази и се повикува на доволно елементи за сомневање за дискриминација која би била доволна за поведување на административна истрага, се наведува во одлуката на судот.

(МИА)

Tags: Административен судБушатинавредаславо македонциТирана
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ