• Latest

Судска заштита на правата на сексуалните работници!

March 2, 2016

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Судска заштита на правата на сексуалните работници!

March 2, 2016 16:30
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Сексуалните работници во Македонија по вторпат добиваат заштита од првостепен суд против незаконско постапување на полицијата и на кривичeн суд.

На денешната прес конференција, невладината организација ХОПС – Опции за здрав живот, информираше за полициската акција „Сузбивање на улична проституција” од 2008 година, во која биле лишени од слобода 32 лица, од кои 23 сексуални работнички. По спроведената акција, полицијата противзаконито ги задржала сексуалните работници повеќе од 20 часа, во нехумани и деградирачки услови, додека другите приведени биле пуштени на слобода само неколку часа по приведувањето.

Како што стои во соопштението на ХОПС – Опција за здрав живот, во акцијата им биле повредени правата на сексуалните работнички, поради што, четиринаесет сексуални работнички за првпат во Македонија, се охрабриле да побараат судска заштита согласно законот, и поднеле тужба до Основниот суд Скопје 2, против МВР и Основниот суд Скопје 1.

По седум години, во повторена постапка, Основниот суд Скопје 2, повторно, делумно го усвои тужбеното барање на сексуалните работнички и повторно утврди дека првотуженото МВР, при спроведување на полициската акција ”Сузбивање на уличната проституција”  ги прекршило одредбите на Европската конвенција за човекови права.

Со истата пресуда, судот утврдил дека и Основниот суд Скопје 1 Скопје, ги повредил овие права, така што, наместо да им овозможи заштита на правата на тужителките, издал судска наредба за тестирање на крв само на барање на првотужениот, без никакви докази со кои ќе се потврди дека постои основано сомневање.

Поради тоа судот им досуди на тужителките правичен надомест на нематеријална штета за претрпена физичка и душевна болка.

“Иако пресудата не е правосилна, сметаме дека истата е значајна за правната пракса во Македонија и за зајакнување на сексуалните работници во заштитата на нивните права. За првпат во Република Македонија, една маргинализирана група, како што се сексуалните работници кои континуирано и секојдневно се изложени на насилство, се охрабрува да побара судска заштита за своите права пред националните судови”, смета Воскре Наумоска Илиева, со која разговараше ЦИВИЛ Медиа.

На прес-конференцијата, беше прикажано и видеото „Треба да знаеш за мене“, во кое сексуалните работнички зборуваат за проблемите со кои се соочуваат.

Tags: Воскре Наумоска ИлиеваОсновен судпрессексуални рабтничкиХОПСЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ