• Latest
Photo by: Jordan Madrid by Unsplash

Суетата, злобата и потценувањето се предворје на садистичкиот режим

February 25, 2020
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа. Фото: Форум за заложници и исчезнати семејства/Whats up

Останките што ги предаде Хамас во вторникот се на Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа

November 5, 2025
Скриншот од видео на
RTVE Noticias

Стравувајќи од обидите на САД да го отстранат, Мадуро ги повика Венецуелците да кодошат преку апликација

November 5, 2025
Експлозии го осветлуваат небото над рускиот град Орјол за време на пријавениот напад на 5 ноември 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Експлозии во руската област Орјол, жителите тврдат дека е извршен украински ракетен напад, гувернерот вели дека се дронови

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ТЕЖИШТЕ

Суетата, злобата и потценувањето се предворје на садистичкиот режим

Јас не сум политичар и немам намера да бидам. Надобудните пци на лажната совест во наплив на суета или притаени политички амбиции го избираат погрешниот начин. Јас и луѓето како мене сме им погрешна мета. Се разбира, освен ако нивната приказна не е дел од поголем, мрачен план.

February 25, 2020 12:21
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Photo by: Jordan Madrid by Unsplash

Photo by: Jordan Madrid by Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Денеска сакав да пишувам нешто што е поблиску до моите ангажмани во ЦИВИЛ како мониторинг организација, но ќе го одложам тоа за подоцна. Сакам да пишувам за моите некогашни соборки и соборци, луѓе со кои ги делевме истите улици и плоштади, а кои денес пловат во чудни води кои некогаш заедно ги сметавме за непријателски.

Никогаш не сум бил во дружина во која сите мислат исто. Тоа е обично толпа во која никој не мисли, туку само следи команди од штабот. Не очекувам никој да го дели моето мислење и да ме поддржува безрезервно и слепо (никако!). Но, за почитта што ја негувам кон туѓото мислење, очекувам да бидам почитуван подеднакво. Очекувам тие што велат дека ги негуваат, застапуваат и бранат истите вредности како и јас, тоа навистина и да го прават, без лицемерие и до крај. Толкувањето, различното практикување и критичкото мислење за вредностите кои ги носиме во себе се неспоредливо поголеми и поважни од нашите суети и лични интереси.

На самиот почеток, треба и да се изјаснам. Кој се нашол на другата страна од слободата и правдата, не сакам пак да застане до мене било кога во иднина. Во мојот свет нема амнестија, туку помирување преку признание, искрено каење и понесување морална одговорност. Не сум кадија, не судам, но имам право да не прифатам кога некој намерно, смислено, од било какви себични причини, ги изневерил вредностите што сме ги делеле некогаш. Попрво ќе прифатам јабанџија или некој од спротивната страна што се освестил, отколку некој што свесно ја напуштил линијата на фронтот. (Намерно го „милитаризирам“ својот речник, понекогаш, за да ја илустрирам ситуацијата, но и потребата од непоколебливост и бескомпромисност кога се работи за вредностите.)

Можеби сум наивен, а таков и сакам да останам. Но имам проблем да разберам која е целта на континуираните обиди за дискредитација, за злобните и подмолни напади врз оние што имаат искрени намери, врз сите знајни и незнајни луѓе што вредно работат во полза на јавниот интерес и демократијата.

Јас не сум политичар и немам намера да бидам. Надобудните пци на лажната совест во наплив на суета или притаени политички амбиции го избираат погрешниот начин. Јас и луѓето како мене сме им погрешна мета. Се разбира, освен ако нивната приказна не е дел од поголем, мрачен план. Единствено што можат да постигнат е да станат своевидни ситни рекетари, да ги уценуваат политичарите, да добијат малку внимание од нив. Но, зошто преку нашиот грб? Од мене и луѓето како мене, немаат што да добијат. Можеби само презир и игнорирање.

Откако некој друг им ја заврши работата, се развртеа околу себе, гонејќи ги своите идеолошки опашки, па на крајот, се чини, поудобно и поисплатливо им беше да застанат на страната на националистите и носителите на криминалниот режим. И не им е срам да ги хранат куририте или – според речникот на еден медиумски Гаргамел – куртоните. На чуден начин, но таму се, на истата страна. Не влегоа во политиката, бидејќи и таму треба да се работи, особено за оние што сакаат да остават светла трага зад себе. Не, никако во политиката. Најудобно им е во длабоките и скапи „експертски/граѓански/медиумски“ фотелји. Остареа трошејќи стотици илјади долари и евра, поточно милиони, божемски градејќи граѓанско општество. На што спаднаа, жално е да се гледа, просто Солза од око да ти капне. Попрво лајк ќе му стават на некое лево фашистче, отколку да се приклучат кон борбата за правда и реформи. Да, па полесно е, признавам. Но и гадно е, мора и тоа да се каже.

Притоа, вредно работат на уривање на угледот (имиџот, ако сакате) на највредните и исклучително креативните интелектуалци во таа (истата) бранша. Што, пак, му оди во прилог на центарот на хибридната војна против демократијата во светот. Добро знаете на кој центар мислам. Секогаш сум бил лут непријател на цензурата и автоцензурата. Овде говорам за злобата и сплетките што се излеваат насекаде околу нас, не за критиката. Таа е потребна секогаш и секаде, кон секого.

Јасно ми е што сакаат да постигнат оние што лапаат милиони во медиумскиот бизнис. Најјасно ми е што сакаат да постигнат намесниците на режимот што ја зароби државата. Ама не знам (или не сакам ни да претпоставам) што добиваат овие ликови со обидите да ги дискредитираат луѓето што се приклучија кон напорите да се врати земјата во европскиот колосек, да се врати демократијата, да се подобри животот на луѓето. На сите луѓе, а не само на квази интелектуалниот крем, бизнис круговите и политичките елити. Најискрено, не знам (или не сакам да знам). Но сигурен сум дека суетата, злобата и потценувањето се предворје на садистичкиот режим.

Уште помалку ми е јасно каков придонес мислат дека даваат кон јавниот интерес. Се наоѓаат во зона каде што лесно можат да изведат непријателски акт против основните човекови права, поконкретно со слободата на изразувањето, но и со правото на правда, правично судење и сѐ што подразбира владеењето на правото. Потценувачкото поигрување и манипулациите со фундаменталните права и слободи можеби нема да ме обесхрабри мене, но постои можност да дејствува демотивирачки за други, помлади и помалку искусни. И најмала можност за тоа, може да биде погубна.

За жал, одамна открив дека на истата линија на фронтот за одбрана на човековите права и слободи, има дволични, користољубиви и болно суетни ликови. Кариеристи и помодари. Дил ориентед “професионалци” и искомплексирани кукумјавки. Бескарактерни луѓе. Признавам, не зборував (премногу) за тоа, бидејќи бевме среде борба со режимот. Не зборував за тоа, бидејќи мислев дека можеби малку и претерувам. Не зборував за тоа, бидејќи мислев дека ни треба секој човек во таа борба. Беа тоа денови и ноќи на неизвесност, кога не прашувавме, туку само се лансиравме како торпеда на улиците. Сега гледам дека немаше потреба од тоа премолчување, ниту тогаш, ниту сега. Погрешив. Но ќе ја исправам таа грешка, почнувајќи од овој ден, овде, во овие редови.

Сакам да ѝ служам на човечноста, сакам да ја носам идејата за слободата и за вредностите на шареното општество какво што знам дека можеме да изградиме. Колку и да се густи редовите на поданиците на црнилата. Ќе останам таков каков што отсекогаш сум бил. Само подобар.

На овој пат низ беспаќата, најдов нови, прекрасни луѓе, на чија енергија и креативност, морален интегритет и човечност, можам само да им се восхитувам и да учам од нив. Некои од нив не забележав во жарот на битките со режимот, некои не успеав или не сакав да ги разберам и бев резервиран кон нив тие денови. Сега ги почитувам и ги сакам. И пак, заедно со нив, како торпедо ќе се излетам на улиците и ќе грмам за правда. Секогаш.

Градат Фејсбук/Твитер кариери на „неутралци“ преку дискредитација и навреди. А имаат толку убави алатки во рацете – новинарство, истражувања, анализи, креирање на јавното мислење… Зошто не работат? Зошто не помогнат за да им се подобри животот на луѓето? Искрено прашувам, не се потсмевам, иако можеби треба.

Фејсбук и Твитер само изгледаат големо. Пропагандата на Кремљ е богата и голема. Но тоа се машини, студени, нечовечни, се водат по алгоритамот на бизнисот што им носи корист на малкумина, а мизерија на многумина.

Јас решив да чекорам во ритамот на човечкото срце.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ