• Latest

Сугарески: Оптимист сум и сметам дека нема да се одземе статусот на УНЕСКО на Охридскиот регион

February 4, 2020
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Сугарески: Оптимист сум и сметам дека нема да се одземе статусот на УНЕСКО на Охридскиот регион

February 4, 2020 15:02
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Колку Законот за градење ќе биде комплементарен на Законот за урбанизам, колку тоа ќе помогне во решавање на проблемот со дивоградбите и надминување на урбанот хаос и колку од препорките на УНЕСКО се имплементирани од Министерството за транспорт и врски, разговаравме со министерот Горан Сугарески.

Законот за градење наиде на отпор кон опозицијата, додека Законот за урбаизам помина досега помина без турбуленции или негативни реакции. Овие два закони треба да бидат компатибилни во повеќе точки. Министерот Сугарески изрази задоволство што се работи и двата закони да бидат во интерес на граѓаните, пред сè, отколку само на политичките партии.

„Ќе се поставиме така да навистина направиме еден одличен закон кој што ќе биде општо прифатлив за сите – не само политички партии и пратеници туку и за сите оние кои што ќе функционираат врз база на тој закон“, изјави Сугарески зборувајќи за Законот за градење и оние делови од истиот што треба да се уедначат со Законот за урбанизам.

„Во законот имаме зголемена транспарентност. Ако Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење се еден тип на Устав во градежништвото и урбанизмот, ние сметаме дека транспарентноста е еден од главните чинители, значи секој ГУП, ДУП, да биде на веб страните на Општините и сите оние кои се донесувачи на тие планови, што е многу битно, а тоа е делот на инклузивност во процесот, а инклузивност имаме на тоа што голем дел од граѓаните ќе учествуваат во делот од локалната заедница. Организираме стручна расправа и организираме јавна расправа со јавна презентација.

Значи делот на сè она што значи проценка на заштита на јавниот интерес, апсолутно е опфатено и по дефиниција и по сè она што значи јавен интерес исто така и правото на приватна сопственост кое што е заштитено со Уставот и законите и тоа е опфатено. Олеснување на голем дел на постапки и процедури при носењето на плановите. Имаме транспарентност, меѓутоа имаме и секој граѓанин да биде вклучен и во тоа парципативно тело ќе ги разгледува тие планови, граѓаните даваат свои прдлози, како што даваат и од стручната фела, дали станува збор за заштитата на животната средина, за култура, или друг јавен интерес, значи сето тоа е опфатено“, објасни Сугарески одговарајќи на прашањето што е новитет во новиот Закон за урбанизам.

Сугарески смета дека овие закони ќе придонесат кон елиминирање на дивеењето и урбаниот хаос кој е еден од најоглемите проблеми скоро во секоја општина.

„Ние работеме на тоа, затоа и ја потенцирав важноста на овие два закони. Мене ми беше намерата таква во овој мандат да се донесе и Законот за градење, меѓутоа знаете од објективни причини – ќе има парламентарни избори во месец април, инаку согласно со мандатот кој што го имаше оваа Влада, планирано беше некаде септември или октомври да се донесе и Законот за градење. Сега работиме на нацрт законот, знаете дека Собранието нема да работи од 12 февруари па натаму, така што после изборите ќе остане да и тој закон биде компатибилен со овој и на тој начин ова што и вие го поставувате како прашање, да навистина спречиме дивеење, да спречиме насилие, да спречиме урбанистички хаос којшто со години наназад и се случувал на државата и мислам дека овие закони се најдобрата можна основа за понатаму и преку подзаконски акти успееме да ги донесеме овие работи“, изјави министерот.

Со оглед дека крајот на февруари е рокот за спроведување на препораките од УНЕСКО за заштита на природните богатства во Охридскиот регион, Сугарески е убеден дека нема да го изгубиме статусот и ќе добиеме позитивна препорака. Според него, Министерството за транспорт и врски во рамките на своите надлежности ги спровело потребните мерки.

„Согласно нашето учество во работната група и во комитетот што е од Владата, мислам дека дадовме свој придонес. Се работеше интензивно во соработката со општините Охрид и Струга. Сметам дека од мерките кои што тие ги донесоа, а тоа беа мораториуми на делот на носењето на урбанистички планови и делот на легализации беа во целост спроведени. Станува збор за нешто што 40, 50 години не е постапувано и сега како да се очекува само во неколку месеци да се решат сите проблеми. Се работи на тоа и сум оптимист дека во наредниот период сите оние препораки кои што ги даде УНЕСКО во голема мера ќе бидат реализирани. Во изминатиот период сме одржале многу состаноци со Државниот градешен инспекторат којшто по дифолт е надлежен за објекти од прва категорија кој што треба да си преземе мерки во Охридско-струшкиот регион. Исто така општината да си постапи во делот и на уривање на дивоградбите, меѓутоа и во делот на сите препораки кои што треба да се направат, така да сметам дека она што ќе значи позитивна препорака од УНЕСКО ќе се случи и ние нема да го изгубиме статусот, барем јас така сум убеден. Она што се прави е дека редовно се праќаат извештаи за сите преземени мерки од страна на општините, ресорното министерство и Владата, така да сметам дека во наредниот период не се помислува да се одземе статусот на УНЕСКО на Охридскиот регион“, истакна Сугарески.

Биљана Јордановска
Камера и фотографија: Атанас Петровски
Монтажа: Владимир Перчуклиевски

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ