• Latest

Суспензии за синдикалците, активиран штрајкот што за раководството е нелегитимен

March 23, 2018
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
Фото: Архива

Политико: Унгарија подготвува нов „антиукраински сојуз“ во ЕУ со Чешка и Словачка

October 28, 2025

ЕУ во 2024 година обезбедила 31,7 милијарди евра за климатските активности на земјите во развој

October 28, 2025

Еуроактив: Србија меѓу демократијата и литиумот

October 28, 2025

Додик не се откажува од референдум, засега се пречка „Муслиманите кои не знаат да прават ништо без Србите“

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Суспензии за синдикалците, активиран штрајкот што за раководството е нелегитимен

March 23, 2018 11:08
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Синдикатот на прилепски „Еурокомпозит“ денеска го активира штрајкот и од изутрината не дозволува никаков влез во фабриката. Штрајкот е активиран откако раководството им дало откази на 10-мина вработени, членови на синдикатот. Синдикатот, пак, вели претседателот Роберт Богданоски, бара да се смени раководството, што беше и последен услов од разговорите со владата, за да може да продолжат со работа.

– Бидејќи во дадениот рок Владата не го смени раководството на „Еурокомпозит“, како последен услов за непречено работење во фабриката, во текот на вчерашниот ден ја донесовме одлуката за активирање на штрајкот. Тоа го разбра раководството и веднаш ги напишаа отказните решенија и суспензиите за 10 од 11 членови на синдикалната организација. Потоа заминаа од фабриката, а правниците со големо обезбедување ни ги врачија решенијата. Беше повикана и полицијата. Имаше и инцидент зашто се собра поголема група изреволтирани работници. Имаше и закани до вработените да се вратат на работните места, а на нас како синдикат ни беше порачано дека не не почитуваат. Затоа, најбрзо бараме Владата да го смени раководството и да реши: сака да остане тоа раководство без да работи фабриката или да го смени, па да се вратиме на работните места, изјави претседателот на синдикатот Роберт Богданоски.

Богданоски вели дека се обиделе да воспостават контакт со кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

– По отказните решенија се јавивме во кабинетот на вицепремиерот Анѓушев. Од претставник од кабинетот ни беше советувано да не излегуваме по улици и да штрајкуваме и да продолжиме да работиме, а ако треба директорот нема да доаѓа во фабриката, рече Богданоски.

Според генералниот директор на „Еурокомпозит“, Александар Кузески, вчера се поделени налози за суспензија на 10 вработени кои во контитуитет ги кршеле работниот ред и дисциплината. Штрјакот е нелегитимен.

– Вчера беа поделени налози за суспензија на 10 вработени, кои во контитуитет ги кршат работниот ред и дисциплината. Од 10-те, осуммина се членови на синдикатот, но тоа нема никаква врска со притисок. Дисциплинската комисија ги подели налозите за суспензија. Во ситуација на револт, физички и вербално беа нападнати членовите на комисијата, а Богданоски лично физички нападна еден од членовите. Креираа ситуација на хаос и донесоа наводна одлука за штрајк, но веќе не се легитимни и легални претставници на вработените. Тоа е архивирано и документирано. Не ги потпишаа налозите за суспензија и ги носат луѓето во заблуда. Суспендираните треба да бидат отстранети од кругот на фабриката. Самоволно поставиле катанец на влезот на фабриката за што беше повикана полицијата. Од изутрината тие не ги пуштаа вработените на работните места, па затоа на обезбедувањето му е наложено да ја извести полицијата, изјави Кузески.

Кузески вели дека за смена на раководството е надлежна владата, а тој не знае кога ќе дојде во фабриката зашто, како што вели, не се чувствува безбеден поради закани кон него.


извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕурокопмозитсиндикатШтрајк
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ