• Latest

Светот се менува, а ние?

June 20, 2018

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Светот се менува, а ние?

June 20, 2018 10:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Душата ми се распара додека патував со воз низ Романија, Србија, Хрватска деновиве изминати, каде одблизу можев да ги видам сите оние пребегани мигранти далеку од своите родни земји, немоќни, гладни и жедни, со страв, но и надеж на лицата за подобро утре.

пишува: Војо Цветановски

Пред мене во возот седеа двајца, маж и жена. Веројатно се имаа запознаено на патот за навака. Зборуваа на англиски јазик. Најверојатно не можеа да се разберат на нивниот – тамошниот меѓусебно или нешто друго беше причината, не знам. Жената беше видно исплашена, што е и нормално. Не знам што зборуваа претходно, но она што јас успеав да го чујам од нивниот разговор беше на темата за менувањето. Тој тивко и спокојно и’ говореше сакајќи да ја успокои.

 „Го загубивме она што го имавме, но, еве сега сме на патот кон новиот живот. Лично јас сметам дека не треба да тагуваме по стариот. Со него е готово. Завршено е. На него можеме само да се сеќаваме. Кој знае, еден ден можеби и ќе се вратиме назад, но, со тоа е веќе готово. И да се вратиме тоа веќе нема да биде истото она место кое го напуштивме пред да исчезне од лицето на земјата. Понекогаш си мислам дека и добро е што е така бидејќи ова по кое сега одиме е вратата кон новата промена за нас и нашите животи, која кога ќе се отвори не знаеме што ќе ни понуди. Не знам колку можеш да забележиш, но светот секогаш бил подложен на промени. И тоа промени од секаков карактер, од најобични до најрадикални. Некои менуваат брачни другари, некои менуваат станови на живеење, некои менуваат градови на живеење, некои држави, континенти и сето тоа сите го прават за подобро утре. Кога човек прави промена во својот живот, сигурно истата ја прави за да си олесни на самиот себе од нешто што му тежи. Никогаш не очајувај. На промената секогаш гледај како на подобро решение од она во кое живееш, бидејќи ти се дава шанса нешто да промениш, да излезеш од проблемот во кој си заглавен и да продолжиш да чекориш со крената глава напред.“

Двајцата слегоа кај Шид. Не се завртев да им ги видам лицата. Возот продолжи. Некаде по пат во Хрватска на една од железничките станици видов графит: „Светот се менува“ и до него: „Каде е револуцијата, стоко?“

 * * *

Во Хрватска бев на два фестивала. Во Загреб и во Стубичке Топлице.

Со Златан и Ива стоевме на улицата во Стубичке Топлице каде што се случуваше уличниот фестивал (Mali Ulicni Festival). Златан е директорот на „Cest Is D Best“, загрепскиот уличен фестивал, инаку мој многу добар пријател. И додека ги гледавме „Фрајле“ кои изведуваа песни со потекло од речиси сите краишта на поранешна Југославија, Златан ме праша:

„Ти си југо носталгичар, така?“

„Аха“, одговорив „Ти не си?“

„Не сум“, брзо одговори, „иако, сметам дека Југославија беше супер модел. Но, не тагувам по неа, бидејќи светот е подложен на промени. Светот се менува, од година во година. Буквално. Денес ова може да е Југославија, утре да е Хрватска, задутре Европска Унија, за една седмица кој знае што … и така до недоглед. И за тоа не тагувам по Југославија. Да, можеби малку тагувам по некаков подобар живот од овој што го живееме денес, но секогаш сум за промена. Промената е и добра, а и здрава. Така е поставена глобалната игра Војо, светот да се менува, животот да се менува, буквално од ден во ден.“

„Така е“, целосно се согласив со него.

По тој фестивал се вратив во Скопје.

 * * *

Стигнав во Скопје. Попладнето појдов да ги видам татко ми и мајка ми. И пред да се качам горе седнав на бетонската клупа пред влез. Ме стигнаа сеќавања од детството.

Во летниот временски период кога бевме деца останувавме до доцна во ноќта кај нас пред влез. На истата оваа бетонска клупа на која седев денес се собираа големите од кај нас од маало. Секогаш темите на разговор им беа многу интересни и беа на најразлични теми. Тоа за нас помалите беше многу интересно. Со уживање ги слушавме постарите како се надмудруваат.

Се сеќавам беше месец Август, ние што туку се вративме од одмор, од Љубаништа. Седевме пред влез. Бевме околу дваесетина. Столе, еден од големите од наше маало, денес немам поима каде е и што прави, во една многуте дебати рече:

„Човек е осуден да има памтење. Да се сеќава. За жал паметењето е неизбежна состојба на живеењето со која мораш да живееш засекогаш. Да се сеќаваш и на убавите, но и на неубавите работи. И кога неубавите работи те потискаат, знај дека животот е подложен на промени. Имаш решение и излез.  Треба само да ја најдеш вистинската формула за тој излез.

А вистинската формула е компромисот. Човек е подложен да прави промени / компромиси во животот. Со тоа, ем си олеснува самиот на себе, ем си докажува на себеси дека е поголем од малициозноста во која живеел со години. Компромисот секогаш е решение за проблемот со кој живееш.

Но, доколку ја испуштиш шансата која ти се нуди со тоа компромисно решение единствено што по тоа ти останува е да продолжиш да живееш во гнојот во кој си се гушел со години и од кој немаш излез. И, ќе чекаш, ќе чекаш, ќе чекаш … и единствено што ќе се случи е, гнојот ќе експлодира, а ти ќе станеш премачкан со целата негова боја која патем ужасно мириса и во која ќе продолжиш да се гушиш. Во меѓувреме светот ќе се менува, луѓето ќе напредуваат, а ти ќе се чудиш како е можно тоа. Ќе се чудиш со каква леснотија луѓето прават промени за подобро утре. На крајот ќе ти останат сеќавањата. Ќе памтиш дека си имал шанса нешто промениш, и да направиш нешто добро и за себе и другите околу себе, но, си ја испуштил бидејќи си се исплашил од компромисот. Ќе останеш обележан со мирисот на гнојот во кој живееш, мирис по кој ќе станеш препознатлив за човештвото. Ќе мирисаш на страв и ќе постанеш некој кој сите ќе го избегнуваат, бидејќи не мириса убаво.

Не мириса свесно, не мириса рационално, не мириса цивилизациски.

Она со кое сакам да завршам е: не смееме да ги испуштиме шансите кои ни се нудат и не смееме да се плашиме од нешто што не знаеме како изгледа, нешто што повторно и тоа е подложно на промени.“

По оваа негова констатација сите замолкнаа, дури поголемиот број од нив тогаш и се согласија со оваа констатација на Столе.

Станав. Влегов во влез, па во лифт. Лифтот тргна. Се погледнав во огледало и гласно сам на себе си изговорив:

„Морници ме поминуваат по телово и исплашен сум до последна капка крв кога ќе помислам дека можно е и да не прифатиме да бидеме дел од светската цивилизациска промена. Што ли ќе се случи со нас потоа, не сакам ни да мислам. Но да мирисам на гнојот за кој зборуваше Столе пред дваесетина години, тоа никако нема да го прифатам.“

Лифтот стигна. Влегов кај моите. Сестра ми веќе беше тука. Ме чекаше на ручек. Слушаше Забрањено Пушење. Свиреше нумерата „Нема Нигдје Никога“. Совршено се вклопуваше со текстот кој планирав подоцна да го напишам за следната колумна. И како со тесла ме тресна по глава репликата со која сестра ми, ми посака добредојде назад: „Виде што се случи во Тимјаник?“

Print Friendly, PDF & Email
Tags: иднинаисторијаминатопромени
Share72Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ