Над 55.000 луѓе во Македонија може да западнат во сиромаштија, сметаат од Светската банка.
Ќе се зголеми и бројот на сиромашни вработени за два до три пати.
Сиромаштијата ќе се врати на нивото од пред 2017, па дури и од пред 2015 година.
„Симулациите предвидуваат стапката на сиромаштија да порасне од околу 17 проценти во 2019 до околу 20-23 проценти во 2020 година и од 55.000 до над 130.000 граѓани на Северна Македонија (во зависност од тоа дали кризата ќе трае еден или два квартали) би западнале во сиромаштија“, стои во извештајот на Светска банка.
Од Западен Балкан, во најлоша состојба се Македонија и Албанија.
Најголемото годишно зголемување на бројот на невработени годинава е забележано во Албанија, и тоа за 25 проценти, а во Македонија, за 11 проценти.