• Latest

Светска банка: Се очекува економскиот раст на Северна Македонија за годинава да забави до 2,7 проценти

May 4, 2022

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
Бебиња умираат од глад во Газа
Фотографија/ скриншот од видео на ИТВ

Лекарите во Газа предупредуваат дека бебињата се пред умирање поради недостаток на млечна формула, „Бебињата се коска и кожа“, велат тие

July 5, 2025
Протестни блокади Србија, Земун
Фотографија/ Н1

Шести ден од блокадата: Најавени се нови прекини во сообраќајот, „слободна зона“ во центарот на Земун

July 5, 2025

Амнести интернешнл: Српските власти мора да дејствуваат воздржано и да им обезбедат на граѓаните безбедно учествуво во протестите и слободно да го изразат своето незадоволство без страв од заплашување

July 5, 2025

Коалиција Маргини: Да се зборува за зголемување на наталитет како политички хоризонт, а не како резултат на веќе постојна нееднаквост, е политичко лицемерие кое не нуди решение, туку го засилува проблемот

July 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на официјалниот канал на White House

Трамп се закани со царини од 17% за извоз на храна и земјоделски производи од Европа

July 5, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Светска банка: Се очекува економскиот раст на Северна Македонија за годинава да забави до 2,7 проценти

May 4, 2022 11:14
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Економскиот раст на земјава во 2022 година се очекува да забави до 2,7 проценти при што реалниот БДП до средината на годинава ќе го достигне нивото пред пандемијата, оценува Светска банка (СБ) во Редовниот полугодишен економски извештај за државите од Западен Балкан.

Основното сценарио на СБ се потпира на претпоставката дека акутната фаза на кризата ќе се ублажи во вториот квартал од 2022 година дури и ако ефектите од санкциите заради војната во Украина продолжат и во текот на 2022, но и 2023 година.

„Енергетскиот сектор, земјоделството и автомобилската индустрија ќе бидат попогодени од останатите сектори. Доколку се пролонгира војната во Украина дополнително ќе се намали надворешната побарувачка, ќе се зголемат цените на клучните стоки и енергијата, ќе се попречи мобилноста и ќе се одложат инвестициите“, оценува СБ во прелиминарниот извештај и нагласува дека ова сценарио би довело до уште помал раст и фискални приходи, како и зголемени барања за фискална поддршка и пораст на трошоците за финансирање.

Од СБ нагласуваат дека се очекува фискалниот дефицит во земјава да остане на високо ниво и во 2022 година согласно со континуираната поддршка на фирмите и домаќинствата за ублажување на влијанието од енергетската криза и кризата поврзана со Украина.

„Фискалниот дефицит постепено ќе се намалува до 2024 година оставајќи го јавниот долг над 64 проценти од БДП. Сепак среднорочните изгледи остануваат позитивни, но ризиците во голема мера се надолни и нагласени“, оценува СБ.

Во извештајот се нагласува дека нарушувањата поврзани со долготрајниот пандемиски шок, војната во Украина, продолжените прекини во синџирот на снабдување, зголемените притисоци на минималната плата кои ги зголемуваат другите инфлаторни притисоци, политичката ситуација, вклучувајќи ја и де факто парализираната состојба во Парламентот и тековната енергетска криза продолжуваат да натежнуваат на перспективите на земјата.

„Зголемената политичка несигурност и одложените преговори за пристапување во ЕУ, во услови на енергетска и здравствена криза може да доведат до послаб апетит за реформи потребни за зајакнување на потенцијалниот раст и консолидирање на јавните финансии. Заострувањето на глобалните финансиски услови може да влијаат на опциите и трошоците за финансирање на Северна Македонија во блиска иднина. На позитивната страна е реализацијата на Планот за забрзување на растот кој го таргетира развојот на човечкиот капитал, зелената транзиција и дигитализацијата што може да го поттикне потенцијалниот раст“, оценува СБ.

Препорачува дека на среден рок земјава ќе треба да ја зајакне одржливоста на јавните финансии и да го насочи својот фокус кон решавање на структурни предизвици, вклучувајќи ги нискиот и опаѓачки човечки капитал, слабата регулаторна рамка, политиката за конкуренција, судството, ниската продуктивност, и зголемената миграција.

„Дополнително Владата ќе треба да ја преиспита и рационализира државната помош за да ги реши проблемите на фискалната одржливост и да обезбеди понасочена поддршка за домашната економија“, велат од СБ и додаваат дека напорите за структурни реформи треба да се усогласат со зелената агенда и да овозможат транзиција кон ниско ниво на емисии на јаглерод и намалени емисии на стакленички гасови.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ