Categories

УНЕСКО Светски ден на слободата на медиумите

Главната прослава на Светскиот ден на слободата на медиумите оваа година се одржува во Адис Абеба, од 1 до 3 мај. Настанот ќе обезбеди платформа за размена на повеќе актуелни прашања, закани и достигнувања кои се однесуваат на слободата на печатот.

Целокупната тема на настанот е улогата на медиумите во изборите и демократијата, а главната прослава ќе ја надополнат околу 100 национални настани низ целиот свет.

Настанот е во организација на УНЕСКО, а се очекува и присуството на генералниот директор, Одри Азулај, како и на владини претставници. Учесници ќе бидат претставници на граѓанското општество, медиумски организации, професионални здруженија, академици и претставници на судството.

На настанот, исто така, ќе се одржи и академска конференција посветена на безбедноста на новинарите која ќе им овозможи на истражувачите од различни дисциплини да го споделат своите искуства и да дискутираат на неодамнешните истражувања.

Како и во претходните години, Светскиот ден на слободата на медиумите ќе биде домаќин на Младинска соба за новинари, каде ќе се вклучат младите новинари и студенти по новинарство за да го покриваат настанот и да ги прошират своите вештини за известување.

М. И.

Print Friendly, PDF & Email