• Latest
Добро утро со Орданоски

Свири ли Анѓушев пијано?

September 22, 2017

Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

October 1, 2025
Фото: Амбасада на САД во Северна Македонија/ Фејсбук

Поради затворањето на американската влада, Фејсбук сметката на амбасадата на САД нема да се ажурира регуларно

October 1, 2025
Џелал Незири
Фото: Ариан Мехмети, ЦИВИЛ

Незири во интервју за ЦИВИЛ за клучните геополитички и локални предизвици – остро и директно

October 1, 2025
фото: Фејсбук на Изет Меџити

Меџити: Османи доктор на Тик-Ток, ама не за Чаир – ДУИ ја продаде каузата на Албанците за српски банки и казина

October 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на DawnNews English

Италијанската премиерка ѝ наложи на флотилата за помош за Газа да запре или ризикува да стане изговор за спречување на мирот

October 1, 2025

Ден на бранителите и бранителките на Украина

October 1, 2025

Народен правобранител: Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право за локалните избори

October 1, 2025

„Неслушнатите 12 милиони“ – Советот на Европа со повик за акција за правата на Ромите и Патниците

October 1, 2025
Фотографија: МВР

Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ: За што сè треба да се подготват патниците

October 1, 2025
Пожар избувна во рафинеријата за нафта Ново-Јарославски во рускиот град Јарослав на 1 октомври 2025 година. Фото: Руски Телеграм канал Астра

Пожар избувна во голема руска рафинерија за нафта во Јарослав по наводен инцидент „предизвикан од човек“

October 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Свири ли Анѓушев пијано?

September 22, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]К[/dropcap]ако што тргнале, ВМРО-ДПМНЕ се решени да посветат повеќе енергија и време во сегашните обиди да го дискредитираат Кочо Анѓушев, од онаа енергија и време што ја потрошија кога, за минатите локални избори, го молеа да им биде нивен кандидат за градоначалник во Велес.

Пред некоја година, за неговиот деловен успех вмровците имаа само комплименти и почит, за сега тоа да им биде главната основа за обидите за негова компромитација. Тогаш на Груевски не му пречеше начинот и количеството на заработените милиони на Анѓушев; сега тие им се главните аргументи во оспорувањето на неговиот јавен кредибилитет за да се занимава со политика. А веројатно е извесно дека, со оглед на угледот што го ужива кај велешани, да ја прифатеше понудата (и да подлегнеше на притисоците) на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш Анѓушев веројатно на тие избори само ќе се „прошеташе“ до градоначалничката столица на Велес. И, во тоа сум убеден, ќе беше многу подобар градоначалник од сегашното кадровско градоначалничко решение на Илија Димовски, бидејќи на менаџерскиот и експертскиот капацитет на Анѓушев вмровците со право и денеска му завидуваат.

На млади години, американскиот претседател Хари Труман размислувал да направи кариера како пијанист, понекогаш свирејќи варијации на Моцарт, Штраус и Гершвин и во јавните куќи низ Канзас Сити. Откако сфатил дека од него не станува врвен пијанист, се концентрирал да стане врвен политичар, што на крајот го круниса со влез во Белата куќа во 1945 година, како 33-ти претседател на САД. Но, и на стари години – а доживеа 88 – знаеше да се пошегува дека меѓу кариерата како пијанист во јавна куќа и онаа во политиката „тешко дека има некоја разлика“.

Таа позната лекција, дека политиката наликува на најстариот занает во светот, сега in vivo ја учи Анѓушев, соочен со црната in vitro кампања оркестрирана од луѓето кои од Македонија направија морално-политичка јавна куќа. Тоа, заради што на времето го молеа, сега за истото го колнат. Не велам дека во тоа нема и иронија, бидејќи тој, без сомнение, е најголемиот вмровец во Владата што ја предводи СДСМ. Впрочем, по Втората светска војна, комунистите чукнале на вратата на куќата на дедо му, угледен предвоен македонски индустријалец и сопственик, меѓу другото, на ќерамидните фабрики „Бон Марше“ и „Македонија“, за да им го искорнат паркетот – паркет во Велес во 1945?… еве, нека било и само дрвено душеме, сеедно – за да го однесат за греење во општинскиот партиски комитет; а сега, не цели две генерации подоцна, токму анти-комунистите (ако оваа клептоманска дружина на Груевски го заслужува тој идеолошки „комплимент“!) би му го искорнале паркетот од неговата куќа за да ја потпалат кладата на која сакаат јавно да го запалат неговиот углед и успех и малку да се подзагреат во надоаѓачката зима на нивниот политички залез.

Сепак, нема и Анѓушев за што многу да се лути, бидејќи во испостената македонска јавност владее едно предубедување дека мотивите на богатите, кога ќе влезат во политиката, се само за да направат уште повеќе пари! Уште е рано да се прогнозира дали политичката кариера на Анѓушев ќе се развие кон успех или ќе заврши во некаков вид на неуспех – шансите и за двете опции се значителни. Но, во земја каде практиката на неказнивост за сторените криминали се востоличи како главен принцип за градење повисок статус во општеството, на успешните уште долго ќе се гледа со сомнеж.

 


Преземање на оваа содржина е дозволена само по 11 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Анѓушеванти-комунистиДимовскидискредитацијакомунистилокални избори
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Скопје – „Метропола“ на сметот!

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ