• Latest
Добро утро со Орданоски

Свири ли Анѓушев пијано?

September 22, 2017
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Свири ли Анѓушев пијано?

September 22, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]К[/dropcap]ако што тргнале, ВМРО-ДПМНЕ се решени да посветат повеќе енергија и време во сегашните обиди да го дискредитираат Кочо Анѓушев, од онаа енергија и време што ја потрошија кога, за минатите локални избори, го молеа да им биде нивен кандидат за градоначалник во Велес.

Пред некоја година, за неговиот деловен успех вмровците имаа само комплименти и почит, за сега тоа да им биде главната основа за обидите за негова компромитација. Тогаш на Груевски не му пречеше начинот и количеството на заработените милиони на Анѓушев; сега тие им се главните аргументи во оспорувањето на неговиот јавен кредибилитет за да се занимава со политика. А веројатно е извесно дека, со оглед на угледот што го ужива кај велешани, да ја прифатеше понудата (и да подлегнеше на притисоците) на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш Анѓушев веројатно на тие избори само ќе се „прошеташе“ до градоначалничката столица на Велес. И, во тоа сум убеден, ќе беше многу подобар градоначалник од сегашното кадровско градоначалничко решение на Илија Димовски, бидејќи на менаџерскиот и експертскиот капацитет на Анѓушев вмровците со право и денеска му завидуваат.

На млади години, американскиот претседател Хари Труман размислувал да направи кариера како пијанист, понекогаш свирејќи варијации на Моцарт, Штраус и Гершвин и во јавните куќи низ Канзас Сити. Откако сфатил дека од него не станува врвен пијанист, се концентрирал да стане врвен политичар, што на крајот го круниса со влез во Белата куќа во 1945 година, како 33-ти претседател на САД. Но, и на стари години – а доживеа 88 – знаеше да се пошегува дека меѓу кариерата како пијанист во јавна куќа и онаа во политиката „тешко дека има некоја разлика“.

Таа позната лекција, дека политиката наликува на најстариот занает во светот, сега in vivo ја учи Анѓушев, соочен со црната in vitro кампања оркестрирана од луѓето кои од Македонија направија морално-политичка јавна куќа. Тоа, заради што на времето го молеа, сега за истото го колнат. Не велам дека во тоа нема и иронија, бидејќи тој, без сомнение, е најголемиот вмровец во Владата што ја предводи СДСМ. Впрочем, по Втората светска војна, комунистите чукнале на вратата на куќата на дедо му, угледен предвоен македонски индустријалец и сопственик, меѓу другото, на ќерамидните фабрики „Бон Марше“ и „Македонија“, за да им го искорнат паркетот – паркет во Велес во 1945?… еве, нека било и само дрвено душеме, сеедно – за да го однесат за греење во општинскиот партиски комитет; а сега, не цели две генерации подоцна, токму анти-комунистите (ако оваа клептоманска дружина на Груевски го заслужува тој идеолошки „комплимент“!) би му го искорнале паркетот од неговата куќа за да ја потпалат кладата на која сакаат јавно да го запалат неговиот углед и успех и малку да се подзагреат во надоаѓачката зима на нивниот политички залез.

Сепак, нема и Анѓушев за што многу да се лути, бидејќи во испостената македонска јавност владее едно предубедување дека мотивите на богатите, кога ќе влезат во политиката, се само за да направат уште повеќе пари! Уште е рано да се прогнозира дали политичката кариера на Анѓушев ќе се развие кон успех или ќе заврши во некаков вид на неуспех – шансите и за двете опции се значителни. Но, во земја каде практиката на неказнивост за сторените криминали се востоличи како главен принцип за градење повисок статус во општеството, на успешните уште долго ќе се гледа со сомнеж.

 


Преземање на оваа содржина е дозволена само по 11 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

 

 

 

Tags: Анѓушеванти-комунистиДимовскидискредитацијакомунистилокални избори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ