ЗОРАН ИВАНОВ
Под засилена ферментација на американскиот антикорупциски квасец, САД сè повеќе натискаат врз македонската децениска коруптивна политика и не треба да се има дилема за тоа кому се, од поранешни но и од сегашни функционери, сега им се тресат колениците, болни или здрави, сеедно, некое ново утро во јавноста да не им осамне се сопственото име поцрнето и оцрнето од црниот американскки тефтер кој во мигот, како сега со Груби, во ад акта засекогаш ги става нивните партиски и политички амбиции, а за Груби, за негови коруптивни дилови, нека суди системот правосуден, овој наш каков таков и тој коруптивен ама, кажано во оваа една реченица, главниот грев на екс првиот вицепремиер е во фактот што како владин лидер и, нели, како народен слуга, наместо да ја совладува државната корупција, всушнот да ти бил нејзин промотор што, всушност, својата амбициозна политичка кариера и својот влијателен функционерски мандат, сега веќе само граѓанинот Артан, самиот си ги направи и жални и грди и Груби.