Хуманитарната состојба во Газа е на работ на целосен колапс, предупреди денес Светската здравствена организација (СЗО), која ги опиша условите во Газа како „катастрофални“, поради израелската блокада која речиси два месеци го спречува влезот на медицинска помош.
„Многу сме блиску до работ на бездната“, изјави портпаролката на СЗО, Маргарет Харис.
Таа рече дека Палестинците во опколената енклава се лишени од основни потреби, вклучувајќи храна, чиста вода, засолниште и медицинска нега, пренесе МИА.