Американската агенција за лекови (ФДА) го одобри итна употреба против Ковид-19 првото лекарство што е важна фаза во борбата против пандемијата, и може да им овозможи на милиони пациенти да добијат третман.
„Ова одобрување обезбедува ново средство за борба против Ковид-19 во важен момент за пандемијата, кога се појавуваат нови соеви“, наведе Патриша Кавазони, функционерка во ФДА.
Таблетата може да се дава на високоризични пациенти постари од 12 години, наведува американската агенција. Лекарството – Паксловид – ќе може да се земе дома и треба да спречи тешки форми на болеста.
– Три дози од вакцината на Астра Зенека се ефикасни против сојот Омикрон објави денеска фармацевтската компанија, повикувајќи се на податоци од лабораториска студија на Универзитетот Оксфорд.
Студијата, која допрва треба да биде објавена во медицинско списание, покажа дека нивоата на антитела против Омикрон по засилената доза се значително повисоки отколку кај луѓето кои биле прележале Ковид.
По три дози на Астра Зенека нивото на неутрализирачки тела против Омикрон е слично на она што се создава против Делта по две дози, соопшти компанијата.