• Latest

Тахири: Потребно е да имаме плурализам на идеите и мислата!

January 19, 2018
Фото: МИА архива

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Кијив, вклучувајќи и ракети „Патриот“

August 5, 2025
Фото: Фејсбук

Сиљановска-Давкова за натпреварот во Куманово: Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, па и себеси

August 5, 2025

Хрватска денеска ја одбележува 30-годишнината од операцијата „Бура“(Олуја) со централен настан во Книн

August 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија и Франција ќе го ратификуваат договорот за враќање на мигрантите

August 5, 2025

Вицепремиерот Стоилковиќ одговори, но не на прашањата од ЦИВИЛ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани во Нови Сад ја одбележаа годишнината од операцијата „Олуја“

August 5, 2025

Дождот ги изгасна сите пожари во земјава

August 5, 2025
Наводна слика од запален вагон на железничката станица Салск во Ростовската област на 29 јули 2025 година, за време на голем украински напад со беспилотни летала врз регионот. Фото: Elilenova_plus/Telegram

Железничката станица во руската Ростовска област цел на масивен напад на украинските дронови, 2 руски рафинерии го намалија производството по нападите врз нафтената инфраструктура

August 5, 2025
ФОТО/Израелски одбранбени сили (ИДФ) - Wikimedia commons

Нетанјаху ќе побара „целосно освојување“ на Газа, преговорите за прекин на огнот стигнаа до ќорсокак

August 5, 2025
Жаир Болсонаро, Бразил (Wikimedia Commons)

Поранешниот претседател на Бразил, Болсонаро во куќниот притвор – САД со осуда

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Тахири: Потребно е да имаме плурализам на идеите и мислата!

January 19, 2018 15:29
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со Сефер Тахири разговаравме за слободата на изразување и медиумската слобода во Македонија, како и за најчестите проблеми со кои се соочува новинарството во Македонија.

ЦИВИЛ Медиа: Какви се состојбите со слободата во медиумите и слободата на говорот во Република Македонија?

Тахири: Сметам дека има мало подобрување на слободата на изразување и слободата во медиумите во Македонија, по политичките промени што се случија во последно време. Мислам дека овие промени се чувствуваат, се забележува развој во смисла на транспарентноста на владата и владејачките органи, министрите итн. Сепак, треба да се работи многу повеќе за оваа транспарентност да биде поголема и да биде на повисоко ниво, за публиката, преку медиумите да биде информирана за разните владини активности, или, граѓаните да можат да одлучуваат за својот живот. Сметам дека реформите во јавната дебата, за медиумите, за системот на медиумите, правните реформи, што се однесува до уредувањето на медиумите, но и други аспекти што ги засегаат медиумите, како што се самоуредувањето и работата на советот за етика на медиумите во Македонија, треба да дадат и поголем придонес за медиумите да имаат балансирана слобода и балансирана одговорност. Што значи ова, слободата на медиумите да биде загарантирана во нормативна, правна смисла и да биде загарантирана со професионалните стандарди според етичкиот код, и ова е загарантирано, меѓутоа, треба да се спроведе и практично. Бидејќи, во Македонија постои едно општо недоразбирање, противниците и непријателите на слободата на медиумите слободата ја разбираат како неограничена, дека секој секого може да анатемисува, секој да пишува за другиот а да не се занимава со идеите, мислите и перспективите на другиот. Сметам дека сега сме во фаза на транзиција,  од еден минат режим, за кој што може да кажеме дека имаше постулати, тоталитаристички, затоа што имавме голема контрола на информациите од медиумите, итн. Сега се наоѓаме во една ситуација во која преку дијалог во новинарската заендица и со сите што учевствуваат во креирање на медиски содржини, да стигнеме до една ситуација. Состојба во која се гарантира правна клима, економска, што значи, пазарот да биде слободен. Политичките партии на власт и владата и сите државни инструменти да ги ослободат медиумите и да известуваат не како што тие сакаат, да не известуваат во смисла на слободна употреба на говор на омраза, навреди и клевети итн, туку да имаат доволен простор да фукционираат според професионалните стандарди и етичките норми.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се најчестите проблеми со кои се соочуваат новинарките и новинарите?

Тахири: Новинарките и новинарите во Македонија најчесто се соочуваат со многу проблеми, еден од кои досега беше нетранспарентноста на политиката на институциите, затоа што често не ја немаме другата страна, за една вест е потребно да се консултираат најмалку два независни извори, и до сега сме имале информации и известувања без да се слушне и другата страна, без друг извор, провладините медиуми, во блиското минато, не ги земаа предвид мислењата на опозициската СДСМ, и другите опозициски партии. Додека и критички настроените медиуми не ги земале предвид мислењата на владата, не затоашто не сакале, туку затоа што власта не беше транспарентна, херметички затворена, не беше отворена ниту за медиумите ниту за пубиката. Имавме власт со еднонасочна комуникација со публиката.  Потоа проблемот со стандардите, имаме говор на омраза, навреди, клевети во медиумите, медиуми што не го почитуваат принципот на балансираното известување за да има рамнотежа и да се претстават сите општествени  политички и неполитички групи, како и проблемот со недостатокот на доволни финансиски фондови за развивање на медиумите во кадровска смисла, кехничка, технолошка, продукциска, во смисла на квалитетна продукција, и сметам дека јавната дискусија треба да произведе нови идеи, и да не се субвенционираат директно од владата преку државни реклами затоа што ова е веќе надминато. Туку да се изнајдат модалитети за помош на медиумите коишто продуцраат програма или ќе продуцираат медиски содржини од јавен интерес, затоа што јавниот интерес не секогаш кореспондира  со интересот на публиката, значи, се трудам да го објаснам ова затоа што јавниот интерес е јавно добро, општествено добро за сите ние да живееме во економска благосостојба, да имаме плуралиам на идеи и мисли, да имаме раѕвиена демократија, и сигурно, да имаме развиени подсистеми како што е образовниот, културниот, научниот итн.

ЦИВИЛ Медиа: Дали вие во Советот за етика или вие лично сте, или сте биле под некаков вид на притисок?

Тахири: Јас не чувствувам ниту политички ниту притисок од сопствениците на медиумите затоа што не сум активен новинар. Значи јас сум претставник во Советот за етика, конкретно, во комисијата за претставки, избран на јавен конкурс како претставник на граѓанското општество, затоа што доаѓам од академската сфера како претставник на универзитет, институт, итн. Во оваа насока сметам дека притисоците врз органите како што е Советот за етика или Здружението на новинари, во минатото беа во смисла на влијание врз редакциите и сопствениците, одговорните уредници и понатаму тоа влијание се претвори во влијание врз уредниците и новинарите. Мислам дека нема директни влијанија врз овие организации, сигурно дека секогаш имало обиди за анатема на работата, вие сигурно знаете дека имаше иницијатива за формирање на паралелен Совет за етика на медиумите во Македонија, со којшто требаше да управува една потполно анонимна новинарка – Мери Ѓорѓиевска, за којашто не знаеме која е, можеби работи во некој портал, но, ова не е важно, вакви притисоци имало, знаете за обидот за формирање на МАН, за формирањ на паралелниот Синдикат, и така натаму. Во овој правец мислам дека актуелната власт ја разбрала улогата на медиумите и медиумските организации и дека нема да пробаат да вршат притисоци.

Џабир Дерала


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: МедиумиСефер Тахирислобода на изразување
Share115Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ