Со Сефер Тахири разговаравме за слободата на изразување и медиумската слобода во Македонија, како и за најчестите проблеми со кои се соочува новинарството во Македонија.
ЦИВИЛ Медиа: Какви се состојбите со слободата во медиумите и слободата на говорот во Република Македонија?
Тахири: Сметам дека има мало подобрување на слободата на изразување и слободата во медиумите во Македонија, по политичките промени што се случија во последно време. Мислам дека овие промени се чувствуваат, се забележува развој во смисла на транспарентноста на владата и владејачките органи, министрите итн. Сепак, треба да се работи многу повеќе за оваа транспарентност да биде поголема и да биде на повисоко ниво, за публиката, преку медиумите да биде информирана за разните владини активности, или, граѓаните да можат да одлучуваат за својот живот. Сметам дека реформите во јавната дебата, за медиумите, за системот на медиумите, правните реформи, што се однесува до уредувањето на медиумите, но и други аспекти што ги засегаат медиумите, како што се самоуредувањето и работата на советот за етика на медиумите во Македонија, треба да дадат и поголем придонес за медиумите да имаат балансирана слобода и балансирана одговорност. Што значи ова, слободата на медиумите да биде загарантирана во нормативна, правна смисла и да биде загарантирана со професионалните стандарди според етичкиот код, и ова е загарантирано, меѓутоа, треба да се спроведе и практично. Бидејќи, во Македонија постои едно општо недоразбирање, противниците и непријателите на слободата на медиумите слободата ја разбираат како неограничена, дека секој секого може да анатемисува, секој да пишува за другиот а да не се занимава со идеите, мислите и перспективите на другиот. Сметам дека сега сме во фаза на транзиција, од еден минат режим, за кој што може да кажеме дека имаше постулати, тоталитаристички, затоа што имавме голема контрола на информациите од медиумите, итн. Сега се наоѓаме во една ситуација во која преку дијалог во новинарската заендица и со сите што учевствуваат во креирање на медиски содржини, да стигнеме до една ситуација. Состојба во која се гарантира правна клима, економска, што значи, пазарот да биде слободен. Политичките партии на власт и владата и сите државни инструменти да ги ослободат медиумите и да известуваат не како што тие сакаат, да не известуваат во смисла на слободна употреба на говор на омраза, навреди и клевети итн, туку да имаат доволен простор да фукционираат според професионалните стандарди и етичките норми.
ЦИВИЛ Медиа: Кои се најчестите проблеми со кои се соочуваат новинарките и новинарите?
Тахири: Новинарките и новинарите во Македонија најчесто се соочуваат со многу проблеми, еден од кои досега беше нетранспарентноста на политиката на институциите, затоа што често не ја немаме другата страна, за една вест е потребно да се консултираат најмалку два независни извори, и до сега сме имале информации и известувања без да се слушне и другата страна, без друг извор, провладините медиуми, во блиското минато, не ги земаа предвид мислењата на опозициската СДСМ, и другите опозициски партии. Додека и критички настроените медиуми не ги земале предвид мислењата на владата, не затоашто не сакале, туку затоа што власта не беше транспарентна, херметички затворена, не беше отворена ниту за медиумите ниту за пубиката. Имавме власт со еднонасочна комуникација со публиката. Потоа проблемот со стандардите, имаме говор на омраза, навреди, клевети во медиумите, медиуми што не го почитуваат принципот на балансираното известување за да има рамнотежа и да се претстават сите општествени политички и неполитички групи, како и проблемот со недостатокот на доволни финансиски фондови за развивање на медиумите во кадровска смисла, кехничка, технолошка, продукциска, во смисла на квалитетна продукција, и сметам дека јавната дискусија треба да произведе нови идеи, и да не се субвенционираат директно од владата преку државни реклами затоа што ова е веќе надминато. Туку да се изнајдат модалитети за помош на медиумите коишто продуцраат програма или ќе продуцираат медиски содржини од јавен интерес, затоа што јавниот интерес не секогаш кореспондира со интересот на публиката, значи, се трудам да го објаснам ова затоа што јавниот интерес е јавно добро, општествено добро за сите ние да живееме во економска благосостојба, да имаме плуралиам на идеи и мисли, да имаме раѕвиена демократија, и сигурно, да имаме развиени подсистеми како што е образовниот, културниот, научниот итн.
ЦИВИЛ Медиа: Дали вие во Советот за етика или вие лично сте, или сте биле под некаков вид на притисок?
Тахири: Јас не чувствувам ниту политички ниту притисок од сопствениците на медиумите затоа што не сум активен новинар. Значи јас сум претставник во Советот за етика, конкретно, во комисијата за претставки, избран на јавен конкурс како претставник на граѓанското општество, затоа што доаѓам од академската сфера како претставник на универзитет, институт, итн. Во оваа насока сметам дека притисоците врз органите како што е Советот за етика или Здружението на новинари, во минатото беа во смисла на влијание врз редакциите и сопствениците, одговорните уредници и понатаму тоа влијание се претвори во влијание врз уредниците и новинарите. Мислам дека нема директни влијанија врз овие организации, сигурно дека секогаш имало обиди за анатема на работата, вие сигурно знаете дека имаше иницијатива за формирање на паралелен Совет за етика на медиумите во Македонија, со којшто требаше да управува една потполно анонимна новинарка – Мери Ѓорѓиевска, за којашто не знаеме која е, можеби работи во некој портал, но, ова не е важно, вакви притисоци имало, знаете за обидот за формирање на МАН, за формирањ на паралелниот Синдикат, и така натаму. Во овој правец мислам дека актуелната власт ја разбрала улогата на медиумите и медиумските организации и дека нема да пробаат да вршат притисоци.
Џабир Дерала