• Latest
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026 11:51
in ВЕСТИ, ЕВРОПСКА УНИЈА, ТОП 5, ФОРУМ
Реакции

Фото: ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Кој и зошто ја држи земјава во ЕУ чекалната – Брисел, Софија или нашата власт? предизвика бројни реакции кај граѓаните, кои понудија различни, често спротивставени гледишта за причините поради кои Северна Македонија и понатаму тапка во место на европскиот пат.

Дел од граѓаните вината ја гледаат во актуелната власт и нејзината политика.

„Очигледно и јасно ко ден – Владата на чело со Мицкоски“, коментира еден граѓанин, додека друг оценува дека „ВМРО, како и секогаш кога е на власт, носи стагнација, особено во меѓународната политика и изолација“.

Други, пак, потсетуваат дека проблемите не започнале со сегашната влада. „Прашањето треба да биде кој ја стави Македонија во оваа ситуација. Има причина зошто сме тука. Треба јавно да се покаже кој што направил, какви договори потпишал и граѓаните демократски да одлучат што понатаму“, наведува еден од учесниците во дебатата.

Значителен број коментари ја посочуваат Бугарија како главна пречка за македонските евроинтеграции.

„ЕУ и Софија – јасно како бел ден“, пишува еден граѓанин, додека друг смета дека „штетните договори со Грција и Бугарија ја доведоа државата во оваа позиција“.

Има и такви кои одговорноста ја лоцираат во самата Европска Унија. Според нив, Брисел нема искрена намера да ја прими Македонија во членство.

„ЕУ не ја сака Македонија за членка, ја сака само територијата на Македонија, без Македонци“, гласи еден од поострите коментари.

Некои граѓани сметаат дека одговорноста е поделена меѓу повеќе фактори. „Сите заедно – Брисел, Софија и нашите политичари“, пишува еден учесник во дискусијата, додека друг оценува дека и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со години ги разочаруваат граѓаните и немаат вистински интерес земјата да напредува кон ЕУ.

Во дел од реакциите се забележува и поширока геополитичка перспектива. Според еден коментатор, конечниот исход на македонските евроинтеграции не зависи само од Брисел и Софија, туку и од пошироките европски и регионални односи, во кои улога играат Париз, Берлин, Лондон, Атина, Белград, Кијив и Москва.

Реакциите покажуваат дека јавноста останува длабоко поделена околу причините за застојот на европскиот пат. Додека едни вината ја гледаат во домашните политички елити, други ја посочуваат Бугарија, а трети сметаат дека проблемот лежи во самата Европска Унија. Заедничко за повеќето коментари е чувството на разочараност од долгогодишниот процес кој, и покрај бројните отстапки и политички компромиси, сè уште не донел конкретен напредок кон членството во ЕУ.

ЦИВИЛ ги повикува сите учесници во јавната дебата под ПРАШАЊЕ на ДЕНОТ  да се воздржат од навреди, дискриминаторски изрази, говор на омраза и лични дисквалификации. Различните ставови и критики се добредојдени и се важен дел од демократскиот дијалог, но тие треба да бидат изразени на достоинствен, аргументиран и почитувачки начин.

ЦИВИЛ останува посветен на промовирање култура на дијалог, почитување на човековите права и ненасилна комуникација во јавниот простор.

Б. Ј.


Поддршка за ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ