• Latest

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026 10:53
in ВЕСТИ, ЕВРОПСКА УНИЈА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ПОДГОРИЦА/БЕЛГРАД, 4 јуни 2026 – Нова дипломатска криза изби меѓу Белград и Подгорица по сериозните безбедносни инциденти во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват. Црногорските власти воведоа ригорозни контроли на границите и забранија влез за 87 српски државјани, кои во земјата пристигнале преку чартер летови и организиран автобуски превоз.

Според официјалните извештаи, кај дел од запрените лица биле пронајдени напредна комуникациска опрема, дронови и материјали за политички кампањи, поради што црногорските служби за безбедност ја проценија групата како сериозна закана за националната стабилност и безбедноста на меѓународниот собир. Сите сомнителни лица веднаш беа депортирани назад во Србија.

БИА со предупредување за висок ризик за Вучиќ

Како директна реакција на случувањата, Безбедносно-информативната агенција на Србија (БИА) издаде итно соопштение во кое официјално го советува претседателот Александар Вучиќ да го откаже учеството на самитот во Црна Гора. Српските разузнавачки служби тврдат дека постојат оперативни податоци за висок безбедносен ризик по неговиот живот, поврзан со активности на „странски тајни служби“ и регионални криминални синдикати.

Српскиот државен врв, вклучувајќи ја и претседателката на Парламентот Ана Брнабиќ, ги потврди овие закани, но нагласи дека Вучиќ, сепак, планира да отпатува за Тиват со цел Србија да не биде изолирана на овој клучен европски форум.

Реципроцитет и блокади на граничните премини

Како одговор на акцијата во Тиват, Србија веднаш воведе дополнителни, строги гранични проверки за црногорските државјани кои патуваат кон Србија. Овие мерки веднаш резултираа со километарски колони и повеќечасовни застои на заедничките гранични премини, со што реципрочните блокади уште повеќе ги затегнаа економските и политичките врски меѓу соседите.

Овој инцидент се случува во период на веќе кревки односи поради стратешките разијдувања, пред сè, поради одлуката на Подгорица да го признае Косово и да се усогласи со санкциите на Европската Унија против Русија, што Белград континуирано го критикува.

Д. Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ