Изборот на собранискиот прв човек Африм Гаши се направи тивко и без некој позначаен „инцидент“, освен ако може да се каже „инцидентот“ на албанското читање на заклетвата.
За разлика од 2017 година кога за првпат беше избран претседател албанец на Собранието Талат Џафери, сега партијата ВМРО – ДПМНЕ која доби доверба од граѓаните со 58 пратеници не покажува никаков проблем што претседателот на Собранието е Албанец.
Комуникологот и политичкиот аналитичар Сефер Тахири за ЦИВИЛ Медиа вели дека изборот на Гаши за претседател веќе не е вонредна вест, бидејќи ова е трет пат како пратеник од албанска националност се избира за прв човек на Собранието.
„Овој избор го гледам како природен политички процес и како дел од договорот за делење на власта што значи дека нема ништо спектакуларно на овој избор. Исто така мислам дека кај македонска страна, меѓу политичките субјекти, се надминуваат етничките бариери и се чини дека постои консензуален договор дека дури и важните позиции им припаѓаат на Албанците“, вели Тахири.
Африм Гаши, од коалицијата „Влен“, се избра за нов претседател на Собранието со 76 гласови „за“, а шестмина беа „против“.
За Гаши гласаа 75-те пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ. Пратениците од коалицијата „Европски фронт“, предводена од ДУИ, како и од Левица, ја напуштија собраниската сала.
Н. А.