• Latest

Изборот на Гаши не е вонредна вест, но сепак се направи – Што се причините?

June 4, 2024

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Изборот на Гаши не е вонредна вест, но сепак се направи – Што се причините?

June 4, 2024 13:37
in ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Изборот на собранискиот прв човек Африм Гаши се направи тивко и без некој позначаен „инцидент“, освен ако може да се каже „инцидентот“ на албанското читање на заклетвата, што предизвика реакција кај македонската опозиција.

За разлика од 2017 година кога за првпат беше избран претседател албанец на Собранието Талат Џафери, сега партијата со 58 пратеници која го поддржа Гаши не покажува никаков проблем што е Албанец.

Иако во предизборната кампања ВМРО-ДПМНЕ бараше 61 пратеник за да не бидат условени, се чини дека сега работите се поприфатливи и од партијата која државата за малку ќе ја вовлечеше во хаос, една од трите најважни позиции на државата да им се довери на албанските партии.

Тахири: Се надминуваат етничките бариери

Комуникологот и политичкиот аналитичар Сефер Тахири за ЦИВИЛ МЕДИА вели дека изборот на Гаши за претседател веќе не е вонредна вест, бидејќи ова е трет пат како пратеник од албанска националност се избира за прв човек на Собранието.

„Овој избор го гледам како природен политички процес и како дел од договорот за делење на власта што значи дека нема ништо спектакуларно на овој избор. Исто така мислам дека кај македонска страна, меѓу политичките субјекти, се надминуваат етничките бариери и се чини дека постои консензуален договор дека дури и важните позиции им припаѓаат на Албанците“, вели Тахири.

„Тензии“ меѓу СДСМ и Гаши

Вонредна вест се чини дека се направи со читањето на заклетвата од страна на претседателот на Собранието Африм Гаши. За овие случувања реагираше пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, која соопшти дека поднела претставка до Секторот за инспекција при Министерството за култура против новиот претседател на Собранието Африм Гаши поради тоа што заклетвата прво требал да ја прочита на македонски, а потоа и на албански јазик.

По претставката поднесена од пратеничката Стојчевска во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот на Собранието Африм Гаши рече дека не гледа вина и дека не прекршил одреден пропис со тоа што свечената заклетва во Парламентот ја дал прво на албански, а потоа на македонски јазик. Тој се правда дека ништо не било намерно и дека заклетвата ја прочитал на два јазика заради технички причини.

„Јас ја прочитав свечената изјава на двата јазици, а ги прочитав како што беше читано од пратеничката што претседаваше, сигурно по некои технички причини. Не верувам дека било намерно, а и да било, тоа е работа на Собранието. Без разлика, јас мислам дека не треба да обрнуваме внимание на такви делови. Но, и демократско право е на секој пратеник и на секој граѓанин, ако мисли некој дека некое право е прекршено, да реагира, да бара право, и тие што го прекршиле законот да одговарат, нема никаков проблем“, рече Гаши.

Реакцијата на пратеничката Стојчевска веројатно ќе беше соодветна доколку нејзината партија не го основаше концептот „Едно општество за сите“ во чие име некогаш доби значајни гласови од албанскиот електорат.

Н. Абдурахмани 

Tags: Африм ГашиБисера Костадиновска СтојчевскаСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ