• Latest

Тајм: Како Володомир Зеленски ја бранеше Украина и го обедини светот

March 3, 2022

24 ЧАСА: Рускиот амбасадор осуетен да ја присвои функцијата „декан на дипломатскиот кор“ во земјава; уапсен убиецот на Чарли Кирк; кандидат за градоначалник на Скопје трча кон Москва

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Велика Британија го отпушти амбасадорот во САД, Питер Манделсон, поради врски со Епштајн

September 12, 2025
фото: скриншот Х

Уапсен осомничениот за убиството на Чарли Кирк

September 12, 2025

Најчесто поставувани прашања поврзани со практични аспекти на изборниот мониторинг на ЦИВИЛ (1)

September 12, 2025

Јаневска и Мицкоски со кратки нозе

September 12, 2025

САД го суспендираат планираниот стратешки дијалог со Косово поради активностите на привремената влада

September 12, 2025

Жестока реторика и меѓусебни обвинувања: Се заоструваат изборните судири меѓу партиите на Албанците во Чаир и Тетово

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Белорусија и Русија започнаа заеднички воени вежби „Запад-2025“, по маневрите во 2021 започна целосна инвазија на Украина 

September 12, 2025

Амет: Ромите не се проблемот на Скопје, туку дел од решението и промените што треба заедно да ги донесеме

September 12, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинителство за Онкологија 2: Васев и Нухи не постапувале во интерес на пациентите, туку во свој личен и интерес на приватни компании

September 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Тајм: Како Володомир Зеленски ја бранеше Украина и го обедини светот

March 3, 2022 16:07
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, МЕДИУМИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Новото издание на магазинот Тајм е посветено на Украина и нејзиниот претседател Волдомир Зеленски. На насловната страна,  украсена со боите на украинското знаме, стои наслов  „Владимир Зеленски и хероите на Украина“, на украински се напишани зборовите што Зеленски ги изговори во Европскиот парламент во вторникот: „Животот ќе ја победи смртта, а светлината ќе ја победи темнината“.

Во новото издание на магазиот Тајм пишува:

Претседателот сакаше да стигне до рововите. Веќе имаше одено половина час со шлемот низ калта, опкружен со генерали и гарди и инсистираше да продолжат. Од другата страна на некои далноводи кои висеа, групата можеше да го види почетокот на руските позиции, на дофат на снајперисти кои имаа убиено тројца украински војници две недели претходно. Но, Володомир Зеленски одбиваше да запре.

„Нашите момци се таму, така?“, врховниот командант го праша еден од неговите генерали, кој ја советуваше групата да се врати назад. „Ќе чујат дека сум дошол до тука и не сум дошол да ги видам. Ќе бидат разочарани“. Тогаш Зеленски сврти поглед кон мене, се заврти и продолжи да пешачи низ грмушките.

Гестот ме натера да се запрашам: Дали беше ова акт? Сме се сретнале и порано за интервјуа, првиот пат зад сцената на комичното шоу на Зеленски пролетта 2019 година, за време на неговата голема кампања за претседател на Украина. Повторно се сретнавме тоа зимо во претседателското седиште во Киев, кој тој во тоа време го опиша, само половично шегувајќи се, како позлатена тврдина од која сакаше да избега. Но, ова патување до првите редови на фронтот минатиот април беше првпат како го гледам со неговите војници – поранешниот актер како ја игра улогата на генералисмус. Не беше сосема убедливо.

Опсаноста, меѓутоа, беше мошне реална. До времето кога дојде Зеленски на власт, Украина веќе беше во војна со Русија повеќе од пет години. Бројката на загинати се имаше искачено на над 13.000, со пукање или гранатирање речиси секоја ноќ низ првите редови на фронтот, остра пукнатива помеѓу некогашните братски народи. Никој не знаеше во тоа време дека војната наскоро ќе стане непредвидливо полоша. Но, за време на нашето патување до фронтот, Зеленски беше свесен дека руските војници се зголемуваа за десетици илјади од другата страна на границата.

Зеленски во ров во разурнатиот регион Доњецк во источна Украина во декември, 2021 година

„Тие сакаат ние да се плашиме“, тој ми рече на крајот од патувањето, додека летавме назад кон Киев со претседателскиот авион. „Тие сакаат Западот да се плаши од силата и моќта на Русија. Тука нема некаква голема тајна“. Зеленски знаеше дека покажувањето на неговиот страв оди во прилог на Русија, иако призна дека заканата од инвазија го плашеше. „Тоа што е застрашувачко е дека нивните намери можеби нема да запрат“ со покажување на сила на границата, ми рече тој. „Можеби постои поширок воен план“.

Околу 10 месеци подоцна, во раните утрински часови на 24 февруари, Русија го стави својот план во сила. Владимир Путин им нареди на неговите војници да ја „денацизираат“ Украина, термин кој тој го избра за соборување на првиот еврески претседател во нејзината историја и инсталирање на режим лојален на Русија на негово место. Инвазијата го турна Зеленски во различна улога, таква која на почеток се чинеше несоодветна на неговиот каракетер. Неговите пријатели и советници често ми имаат кажувано дека Зеленски има тенка кожа. Тој пати од актерска болест, постојана потреба да се биде сакан и апладуиран. „Се обидуваме да не му дозволиме да гледа на Фејсбук“, ми кажа еден советник, бидејќи коментари со критики од непознати лица можеа да го потиштат.

Но, како што почнаа да паѓаат руските бомби врз укарински градови, а војниците да се придвижуваат кон опкружување на главниот град, претседателот помина низ трансформација. Пред нашите очи тој дојде да отелотвори битка која многу Западни државници одамна имаа заборавено како се води, онаа која понекогаш е потребна за да ја сопре тиранијара од уништување на демократијата. Зеленски не само што го собра сопствениот народ во одбрана на нивната нација, инспирирајќи ги да фрлаат молотови коктели на руски воени возила и да ги попречуваат тенковите, туку и ги поттикна светксите демократии на начин кои се чинеа незамисливи само пред една недела.

Промената не беше инстантна. Западните лидери сė уште беа поделени два дена по инвазијата, кога се сретнаа да се договорат на пакет санкции за да ја казнат Русија за нејзиниот напад. Германија, Унгарија и Италија првобитно сакаа да ги намалат овие мерки. Потоа, Зеленски се вклучи во нивниот состанок. Смирен, но решителен, неговото бледо лице покриено со неколкудневна неизбричена брада, тој им рече на лидерите на слободниот свет дека тоа можеби ќе биде последен пат како го гледаат жив. „Непријателот ме има обележано како мета бр. 1“ тој рече во видео изјава кратко по повикот. „Моето семејство е мета бр.2“.

Сепак, Зеленски одлучи да остане во својот главен град, чин на храброст што веќе го смени текот на историјата. Ги поттикна САД и нејзините сојузници да наметнат невидени казни против Русија, уривајќи ја рубљата и исклучувајќи голем дел на нејзината економија од остатокот на светот. Германија одлучи да даде повеќе од $100 милијарди долари за нивната војска, отфрлајќи ја настрана поствоената традиција на пацифизам што долго време ги фрустрираше сојузниците. Швајцарија ја напушти својата традиција на неутралност за да ги поддржи санкциите. ЕУ се согласи да ја стави Украина на пат кон членство, отфрлајќи децении на внатрешен отпор.

Со врвни помошници во видео постирано на Фејсбук на 25 февруари; „Сите сме тука“, изјави Зеленски од Киев/AFP/Getty Images

На шестиот ден од инвазијата, Зеленски оддржа говор преку видео врска пред Европскиот парламент. „Докажете дека сте со нас“, тој молеше преку преведувач, кој се чинеше дека ги задушува солзите додека ги преведуваше зборовите на претседателот. „Докажете дека нема да нė оставите сами. Докажете дека сте навистина Европејци и тогаш животот ќе ја победи смртта, а светлината ќе ја победи темнината“. Како што еден набљудувач забележа, тоа беше како Чарли Чаплин да се имаше трансформирано во Винстон Черчил.

Зеленски сега ги поминува деновите под земја, во бункери и подруми, појавувајќи се од време на време за да го поткрене духот на нацијата, често на социјалните медиуми. Во една видео порака, тој дели оброк со неколку од неговите војници, леб со салама, риба и инстант кафе. Луѓето кои го опкружуваат се главно стари пријатели, оние кои го следеа низ светот на шоу бизнисот, до претседателството, а сега во војната. „Никој не е тука случајно“, ми напиша неговиот шеф на кабинет, Андриу Јемарк, од бункер, седмиот ден од инвазијата, пишува меѓу другото во текстот на магазинот Тајм.

Преведе: Н.Ц

Д.М.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ