• Latest

Талески: Владата подготвува интензивна информативна кампања за реферндумот

August 7, 2018

Национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата: Коментари во регионот за митингот во Белград

July 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Kanal13

Азербејџан уапси новинари на руската државна новинска агенција „Спутник Азербејџан“, растат тензиите со Москва 

July 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Најмалку 41 лице убиено, 75 повредени во израелски напад врз кафуле во близина на пристаништето во Газа 

July 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Хуманитарната група за Газа, поддржана од САД и Израел, мора да биде затворена, порачуваат 130 добротворни организации

July 1, 2025
Фото: news.cgtn.com

Трамповото намалување на глобалната хуманитарна помош ризикува предизвикување 14 милиони дополнителни смртни случаи до 2030 година

July 1, 2025

Лидерски самит на ЕУ и Западен Балкан денеска во Скопје, посветен на планот за раст

July 1, 2025

Електронскиот попис како поле на судир меѓу политичките партии и етничките заедници

June 30, 2025

Исчезнати лица за време на војната во БиХ: Судбината на околу 7.600 жртви сè уште е непозната

June 30, 2025

24 ЧАСА: Пуштена во употреба делницата Фариш-Дреново, дел од Коридор10д; Русија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО, смета Орданоски; Иран има капацитет за производство на збогатен ураниум

June 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Непопуларноста на Елон Маск достигна рекордно ниво по „раскинувањето“ со Трамп

June 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Талески: Владата подготвува интензивна информативна кампања за реферндумот

August 7, 2018 08:19
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Владата подготвува интензивна информативна кампања со цел да се приближи суштината, карактерот на договорот со Грција и да се информира јавноста најдетално за секој граѓанин да може да донесе одлука базирана на информации на престојниот референдум, најави советникот на премиерот за надворешна политика Дане Талески. 

– Се наближуваме во период кога се решаваат прашања од највисок национален интерес за граѓаните и за државата. Владата има обврска во еден таков момент да направи се што може да ги инфомира граѓаните најдобро што може кога ќе одлучуваат на 30 септември да ја изјаснат својата волја да бидат информирани најмногу што може. Во таа смисла веќе неколку пати премиерот зборува за договорот исто така и различни министри, а поентите се дека државјанството според договорот останува македонско, дека македонскиот идентитет и македонскиот јазик е целосно заштитен, дека нема да има промена на ниту еден од официјалните симболи на државата и дека договорот каков што е не е идеален, но е доволно добар, фер договор кој ги зачувува нашите основни потреби и ни отвора перспектива, вели Талески во интервју за ТВ Канал 5.

Според него, во моментов се води многу недобронамерна пропаганда и се сеат лаги меѓу луѓето.

– Има кампања за бојкотирање, но граѓаните треба да знаат, а и тие кои ја покренуваат, дека при неостварување на цензусот значи дека референдумот не создал правна обврска, всушност тоа не го дерогира договорот, туку граѓаните ја префрлаат одговорноста на институциите. Не е прашањето што ќе прават институциите. Прашањето е на секој поединец, секоја индивуидуа дали во еден ваков историски момент треба да се излезе, да се оствари своето право на глас или да се остане дома. Останувањето дома е дефетистички и ескапистички. Ги принудувате луѓето да не бидат активен поединец во едни демократски процеси, а силата на демократијата е токму тоа, вели Талески.

Тој повтори дека на лидерските средби е договорено, односно добиено е ветување од опозициската ВМРО-ДПМНЕ да не го бојкотира референдумот и да не повикува на активен, ниту на пасивен бојкот, бидејќи, нагласува, опозицијата има апсолутна обврска да работи во интерес на граѓаните и на државата. – Тие имаат обврска да се борат, да се натпреваруваат со своите политички субјекти, но никако не смеат да ги рушат интересите и перспективите на граѓаните и на државата, посочи Талески.

Според него, триесетте политички и граѓански здруженија кои вчера потпишаа Меморандум за стратешка соработка за бојкот на референдумот претставуваат маргинална група. Тие имаат право да го изразуваат својот став, но вели претставуваат многу мал, ограничен маргинален дел од нашето општество кој не сака РМ да оди во ЕУ и во НАТО, наспроти преку 80 отсто од населението кое сака да бидат реализиранио стратешките цели на државата – членството во НАТО и ЕУ.(МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ