• Latest

„Талир“: Груевски под истрага за перење пари!

May 22, 2017

ДИК: Поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници, најмногу за Град Скопје

September 14, 2025
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Талир“: Груевски под истрага за перење пари!

May 22, 2017 13:27
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Талир“, „Траекторија“ и „Тревник“ се трите нови истраги што Специјалното Јавно обвинителство ги објави денеска, кои произлегуваат од незаконско прислушуваните разговори. СЈО уште денеска ќе побара  замрзнување на дел од имотот на ВМРО-ДПМНЕ, поради незаконско финансирање на партијата! Експремиерот е првоосомничен во случајот за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, како и за нанесена штета на буџетот од 155 милиони евра, во случајот со тендерот за изградба на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид што го доби кинеска фирма!

Првата истрага „Талир“ се однесува на перење на пари, односно на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, при што постои основано сомнение дека во периодот од 2009 до 2015 година, се злоупотребени 4,9 милиони евра! Биле склучени 71 договор за купување недвижен имот, платен од овие незаконски стекнати пари. Дел од имотот не бил во функција на остварување на целите на партијата и не се користи за партиски цели, без партиски обележја.

Како што потенцираше обвинителката Фатиме Фетаи, високи функционери од партијата, претставувајќи во јавноста дека работат во интерес на партијата, ја злоупотребиле за свои лични интереси. Се работи за претседателот на партијата (Никола Груевски), генералните секретари од тој период (Емил Димитриев, Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски), шефовите на центарот за комуникации и сите овластени да ја потпишуваат сметката на партијата. Осомничени се вкупно 11 лица.

Презентирајќи ги деталите за оваа истрага, обвинителката Ленче Ристоска рече дека уплатниците се пополнувани со ист ракопис и се уплаќани  во временски интервали од 20 до 30 секунди.

Високи функционери на партијата се осомничени и за злоупотреба на службената должност при изградба на главното седиште на партијата во Скопје, во соработка со градежната фирма “Бетон“. Несразмерноста во инвестицијата на ВМРО-ДПМНЕ и на „Бетон“ е прикажана како донација од градежната фирма, што партијата не смеела да ја прими, со оглед на тоа што градежната фирма извршува јавни работи. Во овој случај се осомничени пет лица.

Од СЈО известија дека засега нема да бидат побарани мерки за обезбедување на осомничените, односно притвор, но рекоа дека уште денеска ќе побараат замрзнување на дел од имотот на партијата, меѓу кои и на зградата во која е штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во случајот „Траекторија“ првоосомниченото лице е исто со осомниченото лице од случајот „Талир“, односно како што потврди Ристеска, се работи за претседателот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ.  Во овој предмет осомничени се четворица поранешни припадници во Владата кои во 2012 и 2013 година презеле незаконски дејствија за изградба на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид и со своите постапки (воопшто не разгледувајќи ја најповолната понуда за градба и не постапувајќи според правилата, при изборот на кинеската фирма и банката која ги дала парите за изградба на овие патишта) на Буџетот на Македонија му нанеле штета од 155 милиони евра!

Во случајот „Тревник“ осомничени се три лица за изградба на три викенд куќи во Зелениково без да имаат право за градба. Според доказите, овие три куќи почнале да се градат во 2011 година, а во 2013 година сопствениците добиле дозвола за градба иако тогаш објектите биле завршени. „Законот за градба предвидува обратен редослед“, истакна Фетаи.

На почетокот на прес-конференцијата, специјалната обвинителката Катица Јанева повторно побара новото парламентарно мнозинство да го укине, избрише или измени членот кој се однесува на рокот на поднесување нови обвининенија. Јанева информираше дека 55% од прислушуваните разговори што ги поседуваат, во моментот не се разгледуваат, затоа што работат на случаи отворени врз основа на веќе обработените податоци.

Марија Теговска

Фото: Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Талир“БетонВМРО-ДПМНЕКатица ЈаневаЛенче РистоскаНикола ГруевскиСЈОТраекторијаТревникФатиме Фетаи
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ