• Latest

Таравари, Хоџиќ и Алити на панелот на ЦИВИЛ „На чија услуга е балансерот“

November 28, 2022

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

САД воведоа санкции врз колумбискиот претседател Густаво Петро и членовите на неговото семејство

October 25, 2025

Најмалку еден загинат, а 10 се повредени во руски балистички ракетен напад врз Кијив

October 25, 2025

Објава на Захарова на Телеграм, некритички пренесена во македонски медиум: класичен пример на пропаганда и историски ревизионизам

October 25, 2025

ОН и светските лидери обединети во борбата против сајбер криминалот – потпишана Ханојската конвенција

October 25, 2025

Вториот круг на локалните избори на 2 ноември – во тек пријавувањето на болни, немоќни и набљудувачи

October 25, 2025
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Лудата агресија на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Таравари, Хоџиќ и Алити на панелот на ЦИВИЛ „На чија услуга е балансерот“

November 28, 2022 13:05
in АНАЛИЗИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ одржува јавен настан на тема „На чија услуга е балансерот“, во Прес студиото на организацијата во Бизнис центарот Палома Бјанка.

На панелот се отвораат прашања во однос на балансерот при вработување на административни службеници, а во контекст на процентуалната застапеност на етничките заедници во земјава, (зло)употребата на алатката, и можни решенија како што е понатамошното функционирање, но со поинаква регулација, или отстранување на истата.

Учесници се градоначалникот на општина Гостивар и в.д. претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, Џелал Хоџиќ од Агенција за остварување на правата на заедниците и претседател на СДА и министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити.

Панелот е дел од проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“  кој ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Министерството за надворешни работи и европски политики на Големото Војводство Луксембург.

 

Алити: Злоупотребата на балансерот може да се стопира со нови Закони

-Средувањето е во стопирањето на злоупотребата на балансерот. Сите знаеме дека оваа алатка се злоупотребува во одредени институции. Понекогаш тоа се прави можеби и од самиот министер, или директор или првиот човек на институцијата, но повеќето од случаите се правени од кандидатот. Имаме слуаеви каде кандидатот во еден одреден конкурс на три работни места аплицира под три различни националности. Со мојот тим имаме разговарано за овој проблем, имаме разговарано и со премиерот, значи сакаме да ја стопираме оваа злоупотреба, изјави на Панелот, министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити.

Според министерот ова може да се направи со новите Закони.

-Тоа се Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници, каде ќе ја задолжиме Агенцијата за администрација, во нивниот софтверски систем, како што е сега полето ЕМБГ затворено, исто така да биде затворено и полето националност, вели Алити.

-Ние како министерство мислиме дека со ова би се средил делот на злоупотребата. Балансерот сметам дека треба им служи на сите граѓани, без оглед на која етничка заедница припаѓаат. Тие треба да имаат аксес во сите институции, бидејќи ние се уште имаме статистики каде што гледаме дека одредена зедница нема ниту 1% застапеност во одредени институции, додава Алити.

Хоџиќ: Балансерот има методолшка маана

Според Џелал Хоџиќ од Агенција за остварување на правата на заедниците и претседател на СДА, правичната и соодветната застапеност е една од работите кои ги следи Агенцијата .

-Се покажува подобрување, но со едно ниско темпо. Ние како Агенција на нашите партицпативни форуми, преку кои на една страна ги седнуваме невладините критички организации на помалку бројните заедници, а од друга страна претставниците на институциите. Разговараме за битни теми за помалку бројните заедници. Тука вадиме заклучоци и ги даваме дали до Влада, дали до соодветни министерства.

-За балансерот се имаме веќе поодамна изјаснето – дека тој за жал е нефункионален во повеќе основи. Едната е дека луѓето кои сакаат да дојдат до работа некогаш го злоупотребуваат моментот и се изјаснуваат онака како што им одговара, а се со цел да дојдат до работата. За да нема недоразбирања, балансерот дава предност помеѓу два еднакви кандидати и една заедница која недостига во администрацијата. Принципот на правичната и соодветната застапеност го поддржуваме, но балансерот покрај оваа маана има и друга маана.

-Јас сметам дека има една методолошка маана, затоа што тој се спушта на институција. Имено, многу често во одредени помали институции кога ќе го внесете калкулаторот и баласнерот ви вади момент дека треба да се вработи, на пример одреден Македонец, а ние гледаме според бројките дека бројката на Македонци, и според минатиот и според овој попис е превработена, вели Хоџиќ и додава дека со Министерството имаат комуникација и стојат на располагање за да се најде начин сите засегнати страни да најдат начин за еден поефикасен механизам.

Таравари: Факт е дека балансерот се злоупотребува, треба да се донесе посебен Закон за правична и соодветна застапеност на сите етнички заедници

Гостивар е мултиетнички град, слично на Македонија, со разлика дека Албанците во општината се доминантни. Знам дека во општината има вработено и Турци и Албанци, во последниот мандат и двајца Роми, така што има застапеност од скоро сите етнички заедници, изјави градоначалникот на општина Гостивар и в.д. претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

-Точно е дека балансерот се злоупотребува. Тоа е непобитен факт. Овој мандат ги имаме првите вработувања и фект е дека од човечки ресурси луѓето знаат колку места ќе има во општината. Се знае дека на пример треба да се вработат 13 Албанци, четири Македонци, двајца Турци, еден Ром и горе долу знаат кој ќе конкурира и одат да се запушуваат така како што мислат дека ќе имаат помала конкуренција. Тука не можеш да ги спречиш, оти човек како се осеќа себе си може и така да се декларира и тоа не може никој да го негира, вели Таравари и додава дека е потребно да се најдат превентивни мерки за да нема злоупотреби.

-Продолжувам да мислам дека можеби треба да се донесе посебен Закон за правична и соодветна застапеност на сите етнички заедници. Можеби со таков Закон може да се предвидат механизми по членови во тој Закон со кој што би се стопирала злоупотребата, потенцира Таравари.

Алити: Првите луѓе на одредени институции не го користеле балансерот како што треба

Според министерот Алити мора да се биде искрен и да е каже дека има одредени кругови кои го хакираат системот.

-Имаме сознанија дека кога се отвора конкурс се прави никој да не слушне за него, па од втор пат да можат да вработат кого сакаат. Затоа ние како Министерство се трудиме максимално да ставиме механизми и инструменти доколку има злоупотреба, тоа да може да се индентификува и истото да се среди како што треба, вели Алити.

-Методологијата не е перфектна, донесена е во 2015 и мислам дека сите знаете дека пред неколку месеци, кога ние како Министерство ги апдејтиравме бројките од пописот 2002 со пописот од 2021, кои моравме законски тоа да го направиме, колку прашина се крена, иако ништо не сме промениле во методологијата. И за ова прашање сме отворени – апдејтирање на методологијата, за таа да биде пофункционална. Но сега сметам дека поголем проблем е злоупотребата.

-Ние немаме проблем ако некој каже дека се чувствува како Турчин, Македонец, Албанец итн. Значи нема да има комисија која кој што е. Но ако апликантот еднаш се изјасни како Албанец, Македонец… тоа ќе остане во систем и нема да може да се менува. Мислиме дека тоа е битно, бидејќи во статистиките што ги имаме, има регулаторни комисии каде застапеноста на Албанци е 0%. Од друга страна имаме Министерство економија, или каде во повеќето случаите министерот е АЛбанец, таму Албанците се 60%, а останатите се многу помалку. Ова значи дека првите луѓе на институциите не го користеле балансерот како што треба, потенцира Алити.

Дамјан Варошлија
Камера: Александар Ризински
Реализација: Ариан Мехмети

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ