Шест министри и претседател на Собранието ќе бидат Албанци во новата Влада, најави д-р Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ во изјава за Радио Телевизија Косово (РТК).
„Верувам дека една од трите главни функции на државата, односно претседателот на парламентот, ќе продолжи да биде Албанец и значителен број министри, особено за оние области каде што имаме експерти. Ние како партија ‘Вреди’ ќе ги именуваме“, изјави Таравари.
Тој посочи дека Собранието ќе се конституира на крајот на овој месец, а новата влада се очекува да се формира во првата половина на јуни.
„Планирано е конституирањето на Собранието да се случи некаде на крајот на овој месец, на крајот на мај, а во меѓувреме кон крајот на следната недела да имаме кадровски избори и програма на владата. Кога ќе се конституира парламентот, претседателот на државата мора да го даде мандат за формирање влада. Во првата половина на јуни, сигурно ќе имаме нова влада“, рече Таравари за РТК .
Тараври нагласува дека коалициските партнери се согласиле приоритет на новата влада да биде патот кон Европската Унија, бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата и функционирањето на правната држава.
Ј. Џ.