• Latest

Чакаровски во Кавадарци: Министерството за здравство е фокусирано на повеќе реформи

April 5, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Чакаровски во Кавадарци: Министерството за здравство е фокусирано на повеќе реформи

April 5, 2018 13:30
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за здравство е фокусирано на повеќе реформи за унапредување на здравјето и здравствената заштита на сите пациенти низ државата, рече заменик министерот Гоце Чакаровски денеска во Кавадарци, на одбележувањето на 7 Април, Светскиот ден на здравјето.

Тој наброја неколку клучни реформски приоритети чија реализација е во тек. Намалени се, посочи, максималните цени на вкупно 336 генерички и 222 иновативни лекови. Намалувањето на максималните цени, нагласи, доведува до намалување и на големопродажните и малопродажните цени на лековите, кои важат од први, овој месец.

– Најмалку еднаш годишно ќе ја прошируваме позитивната листа на лекови со нови генерации на лекови.Овозможивме ослободување од плаќање здравствена партиципација за децата од семејства-корисници на социјална парична помош при користење здравствени услуги до 18 години возраст. Активно работиме на измени и дополнувања на Законот за здравствена заштита и Законот за здравствено осигурување, во насока на унапредување на пристапот на сите граѓани до поквалитетни здравствени услуги, рече Чакаровски.

Работиме, додаде, на измени на Законот за прекин на бременоста, кој во оваа форма го ограничува правото на избор на жените, како и измени и дополнувања на Законот за лекови во делот на паралелен увоз, со цел зајакнување на контролата на увозот на лековите и обезбедување поквалитетни лекови.

Министерството за здравство, нагласи, работи на завршување на започнатите капитални инвестиции во нова медицинска опрема и здравствена инфраструктура. Набавка на нова медицинска опрема и медицински и немедицински инвентар за новиот објект на Клиничка болница Штип, за Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св.Еразмо–Охрид, како и за Општата болница Струмица, во насока на подигнување на квалитетот на здравствените услуги во овие установи.

– Исто така, работиме на надградба на електронскиот систем „Мој термин“, со што се продолжува времетраењето на прегледот. Со измените во системот, специјалистот ќе го одредува времетраењето на прегледот и врз основа на тоа клиниката ќе ги креира термините. Целта е да ги растовариме докторите од административните формалности и да имаат повеќе време за своите пациенти, појасни заменик министерот.

За годинава, потсети, е предвидено покачување за пет отсто на основната плата на сите здравствени работници, почнувајќи со септемвриската плата. Дополнително се обезбедени средства за зголемување на сумата која докторите и медицинските сестри ја добиваат за дежурствата. Уште една мерка за која се обезбедени пари во буџетот за годинава е вработувањето на приватните специјализанти со надоместок и придонеси во висина на минималната гарантирана плата за општ лекар.

– Истовремено пристапивме и кон активности за изградба на новиот Клинички центар, кој ќе се гради на локација во близина на Психијатриската болница во Бардовци, а планирано е таму да бидат сместени и Медицинскиот факултет, соодветен истражувачки центар и кампус за студенти по медицина. Според проценките, изградбата треба да почне за година и пол до две, а да трае четири до пет години. Тоа ќе биде мал медицински град кој ќе биде лесно достапен за граѓаните на Скопје и на целата држава. Одлуката за дислокација, е донесена по широки консултации со лекарите, архитектите и граѓаните, рече Чакаровски, честитајќи го празникот и порачувајќи дека само со заеднички заложби на сите чинители, може да се унапреди здравствениот систем во Република Македонија.

Чакаровски присуствуваше на одбележувањето на Светскиот ден на здравјето во Здравствениот дом и Општата болница во Кавадарци.


извор: МИА

Tags: „Мој термин“здравствоКлинички центарМинистерството за здравствореформиСветскиот ден на здравјето
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ