• Latest

Чекајќи го животот…

December 11, 2017

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Чекајќи го животот…

December 11, 2017 14:29
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Власта мора веднаш да се врати во чевлите со кои ги мереше улиците на македонските градови додека беше опозиција и да препрочита што тогаш ветувала…

Пишува: Синиша Станковиќ

„Луѓето никогаш не живеат… Сè се надеваат дека ќе живеат“, прочитав на корицата на една книга, пред многу години. И ми остана врежано, иако поим немам кој тоа го рекол/напишал…

Цела деценија живуркавме, децата ни избегаа од Македонија, ама јас, ете, сè уште се надевам, дека барем нашите внуци ќе живеат во ѓене-ѓене нормална држава… Таму. Или, дури и во Македонија. Нормално, ако се вратат, откако ќе заживее, тоа… животот. За сите. Конечно…

Една година по парламентарните избори, поразениот, некогашниот властодржец, паникосан од лесно предвидливата, сопствена иднина зад решетки, се трансформира во сопствена карикатура, со дегутантните инаетења и напињања – да жртвува уште нечија судбина за сопствен спас… Оној кој нè делеше на „антички“ и „Славјани“, „патриоти“ и „комуњари“, „градители“ и  „странски служби“, сега повикува на партиска кохезија и на национално помирување?! И со проѕирно-коркачката „сапуница“ околу (не)прифатената, ем (не)отповиклива оставка и обидот да најде нова, расклатена кукла, на која од сенка ќе ѝ ги влече конците, само за да се сочува претрупаното азно, напластувано 11 години од украдените иднини на стотиците илјади поумни, поедуцирани, повешти, подоблесни…, главно млади луѓе кои избегаа од теророт, уџум, преку океаните.

И, иако ги жалам заслепените, неколку стотици, главно повозрасни луѓе, кои мрзнејќи се, со блокади и засипнато врескање (ѓоа-патриотски слогани за вечната, ем библиска Татковина, чие име, нормално, никогаш нема да го сменат клетите непријатели од соседството, домашните предавници и кројачите на белосветските заговори) всушност, го бранат Пастирот, немам ни ронка разбирање за нив.

И особено, не – за арамиите-душевадници, кои бескрупулозно пљачкосуваа и ја девастираа Македонија, паралелно насладувајќи се, преку прислушување и монтирање пресуди низ „Сваровски“ – судството, и изживувајќи се, врз сите инакумислечки… Врз оние простосмртните, обичните минувачи низ сопствените животи, кои за жал на злосторничкото здружение, со време, протестирајќи дотолку се осилија, што од нив „ни едно убиство не може да се сокрие“… Немам разбирање за сите оние кои од анонимуси, неграмотни губитници и давајгазовци, станаа дел од „елитата“… Сеедно, дали онаа селската пред „колонијалот“, седната врз гајби, онаа маалската, пред гранапчето, простум, или онаа кичерајската, на баловите, на кои ѝ недостасуваа зурли ем тапани, ама, не се даваше и ѕенѕаше, како знае и умее. Немам и не можам да имам разбирање за сите кои се омрсија со затворени очи, оние кои устата ја отвораа само за гагаџиски да гнетат што повеќе од софрата која други ја плаќаа… Пред гранапче или на бал, сеедно!

Секако, особено немам разбирање за злосторниците кои беа подготвени и да се пресметуваат (убиваат?) за да го сочуваат туѓото – откраднато, ама и за сите кои се правеа улави и со години ги вртеа главите, додека „патриотите“ нè делеа, нè раскаруваа и грабаа без исаф. За сите оние кои беа стручњаци кои „не се мешаат во политика“, додека деца умираа оти не беше доволна СМС-хуманоста и додека злосторниците нè труеја на сите нивоа, од загадениот воздух, до гнасната медиумска пропаганда…  Не е доволно сечикесите само да ги вратат народните пари! Мора и да одговараат. За сè што ѝ направија на Македонија. И, за замижаните немтури да се окуражат и никогаш повеќе да не ја изберат позицијата на молчалива мивка…

Една година по парламентарните избори, во која се случија уште едни избори кои повеќекратно го надминуваа значењето на формирање на нова, локална власт (заради неопходноста од дробење на соблазнителниот систем на владеење и сечење на криминалните пипала на Фамилијата), по едно чудо преговори, панаѓурски, меѓупартиски трговии и збрлавени кадровски карусели, некогашниот опозициски лидер, кого го запознав како градоначалник и ми беше многу симпатичен со ентузијазмот и со неговата нескриената желба за промени, веќе нема право – да бара нов тајм-аут, да биде оставен раат за да работи, да добива неподелена поддршка… Стоте дена поминаа, одамна. И уште два пати по толку…           

Иако сум наполно свесен што сè преживеа, колкав ризик актуелниот премиер прифати со задачата што ја презема и колку храброст и решителност му требаше и допрва ќе му треба за да се сопре срчосувањето на правната држава, економијата, здравството, образованието… (за ограбената Македонија, лека-полека да почне да се враќа кон цивилизираниот свет), и иако знам колку знаење, упорност и посветеност ќе му бидат неопходни (и нему и на неговиот тим, без оглед дали членовите самиот ги бирал или морал да ги прифати) да се залечат раните од 11-годишниот разурнувачки поход на мафтосувачите и лажговците, времето за вистински чекори – истекува. Како и трпението на сите оние за кои Македонија е навистина шарена и кои не демонстрираа за да се догребат до фотелји…

Можам само да замислам колку ѝ е тешко на власта. Да се обиде да го поправи сè она што претходниците (ни) го направија. Да менува сè во од, од корен, да го репарира наметнатиот ментален склоп, лупејќи го од главите на послушниците и климоглавците во сите сфери на општествената живеачка, како стиропорните кулиси на „градителите“ (додека сета мизерија на поплавеното „Скопје 2014“, сосе удавените кораби/галии, врби и пливачки, испливува на површина, еве, може како знак на добра волја за решавање на наметнатиот спор со името, да им го подариме на јужните ни соседи „Воинот на коњ“ – да го постават во Пела, на пример, па тие катадневно да си го слушаат Вагнер), да го реставрира нагрденото, одново да го гради – урнатото… И навистина, ја почитувам нивната желба да се смени нешто, да работат поинаку. Зашто, навистина сакам да биде: Беше, да не се повтори! Никогаш!

Ама, веќе нема ни време ни место за чекор назад. За забавување или тапкање во место… Аман со бонусите на ДИК и со развивањето на селски туризам со лет со бизнис класа до Јужна Америка! Аман со АГИТПРОП од сто луѓе! Аман со седуммилионска жичарница – идиотизам, барабар со „Панорамското тркало“ или со зградата на задолжениот „Водовод“! Најлесно е да се преместат спомениците, особено оној на типот со ножот, или оние непрепознатливи статуи на мостовите и покривите… Но, има поважни работи. Мора да се укине синдромот „наше дете“, и роднокрајните, кумовско/сватовски/комшиски врски и протежирања на баби/тешти, како и именувања на партиски дилајли и лепачи на плакати…

Едноставно, власта мора веднаш да се врати во чевлите со кои ги мереше улиците на македонските градови додека беше опозиција и да препрочита што ветувала… За „бомбите“, на пример. Оние кои не ги чувме, а треба, особено во светлото на новото судење за „Монструм“. Или, за „рудниците на смртта“, за ретките, море и за честите болести и особено, за фалсификуваните лекови со кои се трујат граѓаните, за радиоактивниот отпад на депониите, за експлоатацијата на работниците, пред сè, текстилците, за корупцијата, за криминалот кој царува во општеството во кое срамот и моралот се категории од далечното минато,

Ич не прашувам кога оние кои тоа дебело го заслужија – конечно, „че си лежат“. Оти најискрено се надевам дека во најблиска иднина, судската власт, веќе нема да биде подлизурковско – кукавичка, дури ни специјална, туку, нормална и навистина независна…

Tags: „Сваровски судство“АГИТПРОПбомбиДИКЖивот за ситезлосторнициче си лежатШарена Македонија
Share116Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ