• Latest

Тече рокот за поднесување на предлогот за нова влада, нема најава за собраниска седница

August 24, 2020
Скриншот од видео на ВВС

Трамп сфати дека разговорите со Путин „не водат никаде“, САД објавија нови санкции за двете најголеми руски нафтени компании

October 23, 2025
Скриншот од видео на TVPWorld

Поранешен српски милитант обвинет за воени злосторства во Хрватска уапсен на аеродромот во Варшава

October 23, 2025

Орданоски: Време е новата генерација да ја заштити демократијата од национализам, туѓи агенди и политички елити

October 23, 2025

Фактор на кој (не) се смета: Излезноста на Албанците на локалните избори

October 23, 2025

Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

October 23, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Комбинаторики и договарања меѓу кандидатит и партиите за вториот круг; експлицитен и понижувачки говор на омраза кон Ромите; руското влијание врз локалните избори

October 22, 2025
Фото: Амбасадорката на Украина, Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Руското гранатирање на Кијивската област одзеде живот на бебе, 12 годишнo дете и мајка – некој молчи, а некој се придружува на богослужбите на РПЦ

October 22, 2025
Џабир Дерала, Меѓународна конференција за демократија и човекови права, Скопје, 12 декември 2024 (фото: Роберт Атанасовски)

Колумна на Дерала од ЦИВИЛ во престижниот Voxeurop: Единството на Босна под закана од хибридната дестабилизација на „српскиот свет“

October 22, 2025
Пожар во рафинеријата за нафта Шажаломбата во ноќта на 20 октомври 2025 година – Фото: Фотографија од читателите / Телекс

Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

October 22, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Консолидиран центар, економска расправа и емпатија – три клучни чекори за стабилна демократија

October 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тече рокот за поднесување на предлогот за нова влада, нема најава за собраниска седница

August 24, 2020 09:16
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Тече рокот во кој треба да биде поднесен предлогот за состав на нова влада. На веб страницата на Собранието за денеска не е закажана седница. Крајниот рок е 2 септември.

Во саботата ДУИ го предложи Јетон Шаќири за министер за информатичко општество и администрација, а претходно лидерот на партијата Али Ахмети ги обелодени и имињата на останатите министри. Според таа објава, Артан Груби ќе биде вицепремиер и министер за политички систем, Фатмир Бесими министер за финансии, Бујар Османи за надворешни работи, Крешник Бектеши за економија и Насер Нуредини за животна средина.

Од редовите на СДСМ во новата влада треба да влезат Оливер Спасовски како министер за внатрешни работи, Радмила Шекеринска да продолжи да го води ресорот одбрана, а предлогот на мандатарот е на чело на Министерството за правда да биде Бојан Маричиќ. Министерството за транспорт ќе го води досегашниот градоначалник на Штип, Благој Бочварски, а со Министерството за труд и социјална политика треба да роководи Јагода Шахпаска. Ресорот култура ќе и биде доделен на Ирена Стефанова. Досегашниот шеф на дипломатијата Никола Димитров ќе биде вицепремиер задолжен за европски прашања, а вицепремиерката Мила Царовска ќе раководи со Министерство за образование и наука. Фатмир Битиќи ќе биде предложен за вицепремиер за економски прашања, а Љупчо Николовски за вицепремиер за борба против корупцијата.

Новата влада треба да биде помала, односно од наместо досегашните 26, ќе има 19 министри или седум помалку.

 

Мандатарот Зоран Заев од владиниот тим очекува работа, чесност и одговорност, а вчера и неговата партија преку соопштение најави дека новиот владин состав во следните четири години ќе работи посветено на реализација на зацртаните програми, пред се на економскиот раст и развој.

„На прво место на агендата на новата влада е новата развојна македонска економија, која ќе обезбеди јакнење на стандардот на сите граѓани. Во наредните четири години ќе продолжи растот на платите, вложувањата во нови работни места, континуираната поддршка на домашниот приватен сектор и привлекување на странски инвестиции. Новата Влада продолжува со вложувањата во младите и во рамномерниот регионален развој, посветена на грижа за сите граѓани, а особено на најсиромашните. Членството во НАТО и интеграцијата во Европската унија носат стабилност и поттик за интензивен економски раст на државата“, наведе СДСМ во соопштението.

Предлозите за новите министри беа објавени во средата откако претходно беше официјализирана коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ.

Предлозите за нови министри во средата беа одобрени од највисоките тела на двете партии.

 

Измени во собранискиот состав 

Додека се чека на новиот владин состав, веќе се најавуваат измени во собранискиот состав. Новоизбраниот пратеник Флорин Бесими, брат на Фатмир Бесими кој е предложен за министер за финансии, се откажа од пратеничкиот мандат со цел да се избегне можен конфликт на интереси со неговиот глас во Собранието.

„Оваа одлука ја донесов на денот кога беа објавени имињата на кандидатите за министри на новата влада, која произлезе од гласот и слободната волја на граѓаните на парламентарните избори одржани на 15 јули. Оваа моја одлука е по предходна консултација и потполна координавија со претседателот Али Ахмети. Оваа одлука ќе се спроведе според законот и нормативните процедури на Собранието“, напиша вчера Бесими.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    183 shares
    Share 73 Tweet 46
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ