„На Балканот нема само Македонци, кои мислат дека на овие територии се заедно со појавата на сонцето. Има и доста Албанци, но и други балканци.
Факт е дека низ балканските простори поминале голем број на цивилизации, но тенденцијата да се покаже дека македонската историја и идентитет имаат корени од антиката не е влог кон иднината. Враќањето во антиката не нè води кон Европ(ск)а (унија).Тоа беше проект на владата на Груевски, за кој беа потрошени големи суми, можеби до милијарда евра народни пари.
МАНУ треба да биде свесна дека со Преспанскиот договор со Грција, ние како држава се обврзавме дека нема да го истакнуваме никаде знамето од Кутлеш. На државните институции ни под еден услов!“, извадок од колумната „МАНУ, не биди САНУ’, од Сефер Тахири, објавена во ЦИВИЛ Медиа на 1 јануари 2024 година.