• Latest

Тензично на собраниската Комисија за именувања и избори каде се расправа за избор на член на ДИК

December 27, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Тензично на собраниската Комисија за именувања и избори каде се расправа за избор на член на ДИК

December 27, 2023 11:23
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Седницата на  собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска се одвива во тензична атмосфера откако пратеничката на опозициските албански партии Сафије Садики Шаини побара да не биде ставен на гласање предлогот за член на ДИК Зулфи Адили поддржан од Европската народна партија на Аријанит Хоџа, кој беше одбиен од членовите на партиите од власта.

Таа потенцира дека претседателот на Собранието Талат Џафери се обидува да ги саботира изборот. Посочи дека ова место во ДИК и припаѓа на албанската опозиција- на Алтернатива и БЕСА.

Како што пренесува МИА, членовите на Комисијата од опозициските албански партии и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ почнаа да тропаат по маси и бараат процедурално да се обратат.

За член на ДИК е предложен и кандидатот Абдуш Демири поддржан од албанската опозициска коалиција Европски сојуз за промени.

По утврдувањето на кандидатот, тој треба да се гласа на седница на Собранието. Член на Државната изборна комисија се избира со двотретинско мнозинство.

По именувањето на Кренар Лога за министер за правда се испразни едно место во ДИК.

Претходно, Комисијата за прашања на изборите и именувањата утврди листа со пет кандидати за член на ДИК: Берат Даути, дипломиран правник од Тетово, Абдуш Демири, дипломиран економист од Тетово, Роберт Трајковски, магистер по мир и развој од Куманово, Зулфи Адиљи, дипломиран правник од Скопје и Самир Ракипи, дипломиран правник од Тетово.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДИКизбор на членовисобраниска комисија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result