• Latest
Војо Маневски

Тесно време

September 1, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Тесно време

September 1, 2022 12:20
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ 

Зошто се поставуваат рокови за извршување на некоја работа? За правилата во светот не знам, ама со сигурност знам зошто се ставаат рокови кај нас. За да се прекршат или поточно да не се заврши работата што со тие рокови е зацртана. За почеток да поставам едно наградно прашање. Можете ли да се сетите на некоја законска обврска која се извршува навреме? И со зголемен мозочен напор не можам да се сетам на таков пример, а вие?

Мал е дури и овој електронски простор да ги собере сите примери, кога роковите биле поместени или едноставно не се завршила работата, иако на самиот крај од зададениот временски рок, активностите се зголемиле и за стотина пати и затоа се бара нов временски рок. Таква ли ни е организацијата, или едноставно таков ни е табиетот и тоа колективен балкански и без разлика на вера, пол или политичко убедување. Едноставно не можеме да се ставиме во некакви рокови и правила. Затоа изгледа некој друг ќе нѐ става во негови рокови и правила.

Заврши летото и тоа како вест е веројатно една од по не веселите, доколку си ученик. Со првиот септемвриски ден се полнат училиштата. Да не спориме за количината на радост кај децата, иако се сомневам дека е еднаква на претставата за тоа, ама секако не е баш на ниво кај нивните родители. Овој пат мислам на потребните средства за почеток на учебната година. Светото есенско тројство, огрев, зимница и училишни потреби за подмладокот, се стрес од кој се опоравуваме до крајот на календарската година, а овој пат изгледа ќе ни треба подолг рок, зошто веќе три години сме во некаков нокдаун.

Ете како сум еклатантен пример за непризнавање на правила. За да почнам да пишувам за доцнењето на учебниците, потрошив пола простор за колумнава. Може човек да излезе од Балканот, ама Балканот не излегува од него.

Цела недела читам дека учебниците за некои одделенија ќе се поделат на почетокот на учебната година, ама за некои други одделенија ќе се почека два месеци. И веднаш следува канонада на социјалните мрежи за неспособноста на Министерството, за тендери и учебници и слично. До душa коментаторите и не морале да се мачат со пишување на нови текстови, едноставно треба само да ги реактивираат оние од минатата или предминатата година. И да не ги навредуваме сегашните генерации. Од секогаш било така или така некако. Ретко која година е започнала со комплет учебници за сите одделенија. Да нѐ ве заморувам со сопствените сеќавања за доцнењето на учебници уште од првата реформа на крајот на шеесеттите години од минатиот век. Кога се направи реформата за усмереното образование, некои усмереници го завршија средното образование со скрипти и пишувани тетратки. А тоа беше во време за кое денес велиме дека функционирало подобро од денес. Не бре почитувани сограѓани, исто или слично беше. Ако има некакво оправдување за недостаток на учебници после реформски зафати во образованието, зошто тоа се случува и во помирните години, немам одговор. Одговорот е веројатно во изреката – тесно време. Нам на Балканот како секогаш времето да ни е тесно и како да се правени временските одредници по некој туѓ терк. Како денешните кинески чевли со број 42, а одговараат на наша нога со големина од 40-ка. Никако да се ускладиме со зададените величини. Признавам дека ни се преклопуваат реформите во образованието, зошто зависат од политичката волја на актуелната власт. Да речеме дека ова би имало некакво оправдување, ако се работи за изградени идеолошки вредносни системи и зацртани општествени цели. Едните сметаат дека децата треба да се воспитуваат врз конзервативни вредности, а другите врз полиберални основи да се воспитуваат идните полноправни граѓани. Јас во својата новинарска ограниченост не можам да ја согледам идеолошката разлика меѓу главните носители на политичките процеси. Мислам на раководствата и добар дел од членовите на партиите. Слободно можете да направите хокеарска замена на личностите од едниот во другиот табор и на идеолошки план ништо нема да се случи. Примери имате колку сакате во досегашното политичко делување за овие три децении.

Значи ли тоа дека во конципирањето на реформите во образованието е слушана само педагошката струка? Ако е така тогаш и таму изгледа има многу неразјаснети постулати и модели за реформирање на образованието. Но, едно во сите реформи е константно. Не почекавме да го видиме резултатите од тие реформи. Процесот изгледа како македонските возови, тргни, забави, застани и ај пак тргни. Сето ова изгледа како оправдување за постојаната појава кога започнува учебната година. Некои учебници не се достапни на учениците. Интересно е што оваа година нема да има учебници за учениците од петто одделение, а според реформите за кои толку се залагаше поранешната министерка Царовска, таа генерација прва започна со новите правила при совладувањето на  образовната материја. Тоа само зборува за подготвеноста на целото Министерство за изведување на реформите и непречен процес на образованието. Не прашува јавноста дали експертите во Бирото за развој на образованието треба да одат на годишен одмор. Па секако по закон им припаѓа тоа. Малку ќе доцнеле учебниците, ама тоа не е ништо во споредба со основните права на службениците. Нив никој не смее да ги чепка. Има ли некој што ќе објасни каде сѐ застанува и зошто децата нема да имаат учебници од почетокот на учебната година, туку ќе ги добијат во текот на следните два месеци? Гарантирам дека одговорот ќе биде – крив е процесот на тендерирање на издавачите и измените во учебниците што се предложени пред крајот на рокот и затоа нема време за целата постапка пропишана со закон. Законот не смее да се крши зошто ќе се појават сомнежи за корупција при избор на издавачот и така оправдувањето е показател на нашите состојби. Сѐ во некаков круг на бирократски рокови. И пак се враќаме на почетокот. Нам рокови не ни се потребни. Ние со такви правила не можеме да работиме. Ако си ги поставиме тогаш мораме да ги прекршуваме, па да поставуваме нови рокови кои ќе ги кршиме и така до состојба кога никој нема да се сети кој беше првиот рок.

Сетете се само за законот за легализација на бесправно подигнатите градежни објекти. Се сеќава ли некој за рокот од март 2012 година? Децата што се родија во таквите не легализирани објекти сега се во петто одделение, а меѓувреме израснаа цели градови нелегални објекти. Затоа да донесуваме закони и владини одлуки без никакви рокови. Едноставно, да се донесе закон и да се напише дека влегува во сила кога службеникот кој е задолжен за негово спроведување ќе биде подготвен. Законот ќе важи сѐ додека надлежниот службеник не биде подготвен за спроведување на нов закон. Со ова ќе се поштедиме од разни нервози со исполнувања на законски рокови, а и ќе знаеме кој е надлежeн и за законот и за роковите. Така ќе поставиме и идеолошка нова основа за политичко делување. Чиј е службеникот негов е законот и тендерот. Чист рачун – долга љубов.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ