• Latest

Тевдовски: Јавниот долг е стабилизиран, граѓаните транспарентно ќе бидат информирани

March 1, 2019

Последен ден за поднесување кандидатури за градоначалници и членови на совет до Општинските изборни комисии

September 13, 2025

Ројтерс: НАТО ќе ја зајакне одбраната на источниот брег на Европа откако Полска собори беспилотни летала

September 13, 2025

24 ЧАСА: Рускиот амбасадор осуетен да ја присвои функцијата „декан на дипломатскиот кор“ во земјава; уапсен убиецот на Чарли Кирк; кандидат за градоначалник на Скопје трча кон Москва

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Велика Британија го отпушти амбасадорот во САД, Питер Манделсон, поради врски со Епштајн

September 12, 2025
фото: скриншот Х

Уапсен осомничениот за убиството на Чарли Кирк

September 12, 2025

Најчесто поставувани прашања поврзани со практични аспекти на изборниот мониторинг на ЦИВИЛ (1)

September 12, 2025

Јаневска и Мицкоски со кратки нозе

September 12, 2025

САД го суспендираат планираниот стратешки дијалог со Косово поради активностите на привремената влада

September 12, 2025

Жестока реторика и меѓусебни обвинувања: Се заоструваат изборните судири меѓу партиите на Албанците во Чаир и Тетово

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Белорусија и Русија започнаа заеднички воени вежби „Запад-2025“, по маневрите во 2021 започна целосна инвазија на Украина 

September 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тевдовски: Јавниот долг е стабилизиран, граѓаните транспарентно ќе бидат информирани

March 1, 2019 11:43
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Јавниот долг е под контрола и за него се известува транспарентно и со веродостојни податоци, велат од Министерството за финансии. Ако од 2008 до 2016 година јавниот долг беше брзо растечки, сега е стабилизиран и е на пониско ниво во однос на 2016 година, велат од таму. 

„За разлика од периодот од 2008 до 2016 кога јавниот долг беше брзорастечки, галопирачки и се зголеми од 23% од БДП на 48,8%, сега тој е стабилизиран и е понизок од 2016 година, односно изнесува 48,7% од БДП. Исто така, велиме дека долгот е под контрола, бидејќи трошокот кој го плаќаме – каматите, се значително намалени. На пример, ако на почетокот на 2016 година каматата за 12-месечни записи без девизна клаузула изнесувала 2,6%, на почетокот на 2017 – 2,1%, сега таа е намалена на 0,8%. Издејствуваме најниска каматна стапка од 2,75% за еврообврзницата од 2018 година, додека претходните еврообврзници имале камати во распон од 4% до 10%“, изјави министерот Драган Тевдовски а работилницата со новинари посветена на јавниот долг, а во рамки на кампањата на Министерството за финансии за финансиска едукација.

Тевдовски истакна дека транспарентно се известува за долгот и со веродостојни податоци. Тој рече дека земјата неодамна пристапи кон највиоскиот статистички стандард СДДС плус, кој го исполнуваат само 18 земји во светот.

„Со измените на Законот за јавен долг, кои се во собраниска процедура, го враќаме и негарантираниот долг во пресметката за јавен долг. Ова беше препорака од меѓународните финансиски институции, како и наша заложба за транспарентно известување за долгот, откако во 2014 негарантираниот долг беше изваден од пресметката. Исто така, со измените во законот, ја враќаме Стратегијата за јавен долг, која во 2011 година беше вметната во Фискалната стратегија, со што се намали обемот на податоци. Со изработка на Стратегија за управување со јавниот долг, јавноста детално ќе биде информирана за портфолиото и менаџирањето со долгот“, додаде Тевдовски.

Токму за изјавите на министерот во изминатиот период  дека јавниот долг е стабилизиран,  Џевдет Хајредини, експерт за финансии, изјави дека тие ништо не значат.

„Тевдовски вели дека е стабилизиран јавниот долг. Што значи стабилизиран јавен долг? Тоа, ама баш ништо не значи. Притоа, кога тој ја информираше јавноста дека јавниот долг е нестабилен?“, поентираше Хајредини.

Б. Ј.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ