• Latest

Тевдовски: Од победниците на Фин Хакатон до есен очекуваме финални производи

July 9, 2018

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тевдовски: Од победниците на Фин Хакатон до есен очекуваме финални производи

July 9, 2018 12:21
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

 Граѓаните до есен ќе добијат финален производ – веб апликација, видео и мултимедијална игра за Граѓански буџет од решенијата што победија на Фин Хакатонот.

По изборот на победниците, министерот за финансии Драган Тевдовски  рече дека очекува од нив да направат готов производ со кој ќе се доближи Буџетот на РМ и јавните финансии до граѓаните.

Како што истакна министерот за финансии Тевдовски, придобивки од Фин Хакатонот имаат и граѓаните и учесниците. Граѓаните преку перспективата на учесниците добиваат алатки со кои имаат подобар пристап и подобра контрола над јавните финансии. Сите натпреварувачи, рече министерот, добија одлична можност за промоција, додека победниците делат награден фонд од 1,5 милиони денари и имаат можност да започнат сопствен бизнис.

– Овие млади и талентирани луѓе работеа 48 часа без прекин во Министерството за финансии. Горди сме што на Фин Хакатонот дојдоа луѓе кои се способни за многу краток период, практично за еден викенд да создадат нови и иновативни производи, кои се воедно и многу креативни. Останува тие да се доразвијат до финални производи. Сепак, според енергијата која ја имаат тимовите цврсто сме убедени дека тие ќе успеат тоа да го направат – рече министерот за финансии Драган Тевдовски по прогласување на победниците.

На Фин Хакатонот победија два тима. Тимот составен од Стефан Митевски, Ивана Ѓорѓиевска Стојановски и Георги Михаилов имаа најдобра видео и мултимедијална игра. Најдобра веб апликација пак, понуди тимот составен од Елена Андреева, Теди Пејоски, Елена Јовчевска, Каја Столеска, Александар Трпески и Александар Бакo Марковски.

Како што истакна Стефан Митевски од тимот, кој победи со најдобра игра и најдобро видео, за јавните финансии да станат поразбирливи за обичните граѓани, тие го претставиле државниот буџет преку домашниот буџет на просечен граѓанин.

– Клучното беше што наместо да зборуваме за големи бројки како 200 милијарди, решивме да го префрлиме буџетот на ниво на еден граѓанин. Тргнавме од претпоставка дека еден просечен граѓанин има просечна плата од 24 илјади денари, а потребите за месечни трошоци му се 26 илјади денари. Ја поистоветивме државата со Петар и со тој лик направивме едно кусо видео. Направивме и игра наречена „Кој сака да биде министер за финансии“. Таму разни министри даваат предлози за капитални проекти и врз основа на тие барања корисникот треба да алоцира различна сума. Ако даде добра сума тогаш ќе бидат задоволни сите, ако не даде добра сума, тогаш излегува натпис во весник и има медиумски хајки, рече Митевски.

Теди Пејоски од тимот со најдобра веб апликација рече дека идејата на апликацијата е буџетот да биде прилично интерактивен и  со тоа транспарентен за граѓаните.

– Кога дојдовме во Министерството за финансии немавме доволно информации за јавните финансии и сметам дека бенефит е се она што го научивме за овој викенд. Има уште доста работа, меѓутоа основните концепти ги имаме разработено и верувам дека соработката заедно со Министерството и Фондот за иновации ќе вроди со успешна алатка која ќе може да ја користат граѓаните, рече Пејоски.

Фин Хакатонот е организиран од Министерството за финансии и Фондот за иновации и технолошки развој. Целта беше во ограничен временски период од 48 часа во Министерството за финансии млади луѓе да креираат алатки за Граѓанскиот буџет. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Драган ТевдовскиМинистерството за финансииФин Хакатонот
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ