• Latest

The Media Freedom Rapid Response – Зад решетки за лажни вести: Непосредна закана за слободата на медиумите во Кипар

July 29, 2024
Скриншот од видео на
The White House

Трамп му нареди на Пентагон да „се подготви за можна акција“ во Нигерија

November 2, 2025

МВР: 10 пријави и 19 објави на социјалните мрежи за прекршување на изборниот молк

November 2, 2025
Скриншот од видео на
RTBF Info

Дронови забележани над воена база во Белгија по втор пат за 24 часа

November 2, 2025

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

November 2, 2025
Снимките се чини дека покажуваат украински хеликоптер како слетува на спорна територија во близина на Покровск на 31 октомври 2025 година. Фото: Оливер Керол / X

Зеленски тврди дека Русија распоредува 170.000 војници за напад во украинскиот регион Донецк, Сирски негира дека Покровск е опколен

November 2, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Повредени девет лица во напад со нож во воз во Велика Британија, полицијата уапси двајца осомничени

November 2, 2025

ЦИВИЛ им се обрати на набљудувачите: Доследност, непристрасност, тимска работа и професионалност

November 2, 2025
Фото: ЦИВИЛ Медиа

Акредитирани 1622 набљудувачи за вториот круг од локалните избори, 957 домашни и 651 меѓународни, ЦИВИЛ на терен со 60 набљудувачи

November 2, 2025

Почна гласањето за вториот круг од локалните избори

November 2, 2025

Центарот за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ ја започна работата на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

The Media Freedom Rapid Response – Зад решетки за лажни вести: Непосредна закана за слободата на медиумите во Кипар

July 29, 2024 19:43
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

The Media Freedom Rapid Response (MFRR)  силно го осудува законскиот предлог на Кипар, со кој се загрозува слободата на печатот, под превезот на борба против дезинформациите.

Овој амандман, кој ги криминализира „лажните вести“ и наметнува остри казни, ризикува да го задуши независното новинарство и да поттикне самоцензура. Нашиот меѓународен конзорциум ги повикува властите да се усогласат со меѓународните стандарди за човекови права, да ја промовираат медиумската етика и да ја заштитат слободата на изразување, наместо да вршат контрола врз медиумите, се наведува во реакцијата на МФФР, по повод изјавата на заменик-јавниот обвинител на Кипар, Савас Ангелидес, кој тврди дека треба „да се повлече линијата помеѓу слободата на говорот и непромисленоста“, за предлог законот со кој се загрозува слободата на печатот.

Овие одредби би можеле да имаат длабоко застрашувачки ефект, што ќе доведе до широко распространета самоцензура меѓу медиумските професионалци, граѓанските организации, активистите и обичните граѓани. Дополнително, двосмисленоста и спорната природа на она што претставува „лажни вести“ го влошува потенцијалот за произволно спроведување, со ризик оние на власт да завршат со потиснување на легитимното несогласување и критики, посочуваат понатаму од The Media Freedom Rapid Response.

Постоењето на такви нејасни закони и нивното експоненцијално усвојување во последниве години ширум светот, често беше алатка за политичка контрола врз информациите, а не средство за подобрување на нивниот квалитет. Доказите покажуваат дека законите против дезинформациите постојано биле искористувани од репресивните власти за да се влијае на јавното мислење за тоа што се смета за точно или лажно, навредливо, опасно или бунтувачко. Според предложениот закон, државниот обвинител на Кипар ќе има овластување да определи што претставува клевета, која ќе биде прекласифицирана од граѓанско дело во кривично дело.

Ние и се спротивставуваме на изјавата на заменик-јавниот обвинител на Кипар, Савас Ангелидес, кој тврди дека треба „да се повлече линијата помеѓу слободата на говорот и непромисленоста“. Меѓународната заедница, вклучително и Европската унија, Советот на Европа и Обединетите нации, постојано ја осудуваат криминализацијата на лажните вести.

Исто така, Европскиот суд за човекови права и ОН нагласија дека забраните за лажни информации се некомпатибилни со правото на слобода на изразување. Неодамна донесениот Закон за дигитални услуги (DSA) и Европскиот закон за слобода на медиумите (EMFA) – доколку ефективно се имплементираат – и двата му даваат на Кипар рамка за справување со дезинформации без прибегнување кон кривични казни.

Исто така, алармирани сме што слично, локалната администрација во Северен Кипар одобри пакет измени на кривичниот законик и сродните закони на 20 мај. Тие ја прошируваат дефиницијата за „злонамерна намера“, криминализирајќи активности како што се објавување „лажни вести“ и навреда на државни службеници, што наликува на репресивни мерки видени во Турција.

МФРР го повикува кипарскиот парламент да ги преиспита предложените амандмани, усогласувајќи ги законодавните напори со меѓународните стандарди за човекови права и најдобрите практики.

Ги повикуваме властите да избегнуваат задушување на легитимната новинарска работа и да усвојат нерепресивни механизми за подобрување на медиумскиот пејзаж, како што се зајакнување на медиумската етика, промовирање на јавните сервиси на медиумите и поттикнување на медиумскиот плурализам.

Понатаму, ги охрабруваме пратениците да ги слушаат и да се осврнат на грижите на новинарската заедница, за да се заштити со устав загарантираното право на слобода на изразување и истражувачко новинарство на Кипар.

Прекумерните парични казни, затворските казни, контролите на содржината и корекциите претставуваат значителна закана за слободата на печатот и немаат место во законите за регулација на медиумите. Ние стоиме цврсто во солидарност со кипарските новинари во спротивставувањето на овие регресивни мерки.

Други потписници на повикот се:

International Press Institute (IPI)

ARTICLE 19 Europe

The European Federation of Journalists (EFJ)

Free Press Unlimited (FPU)

OBC Transeuropa (OBCT)

The European Centre for Press and Media Freedom (ECPMF)

Д. Т.

 

 

 

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ