Мухамед Точи од здружението „Месечина“ на Денот на граѓанските организации, во организација на Цивика Мобилитас, за ЦИВИЛ Медиа изјави дека можеме да учиме од различностите.
На прашањето колку и дали е возможно да се обединат различностите во нашето општество, кое е дел од иницијативата на ЦИВИЛ „Обединети во различност“, вели дека сите ќе бидеме побогати ако го запознаеме другиот.
„Поентата е колку побрзо ние сфатиме дека без разлика што сме различни еден од друг по било која основа, можеме да придобиеме од учењето на различните од нас. Тоа не прави побогати во умеењето и снаоѓањето со сите предизвици што ние ги имаме. Ова не го зборувам како претставник на некоја граѓанска организација, туку го зборувам како обичен граѓанин, како индивидуа. Секој од секого може да учи. Ова ние го утврдивме преку различните проекти што ги имавме со млади, деца и средоншколци. Еден од нашите проекти беше меѓусебно да се запознаат кои се традициите, култура, што е обележјето за секоја етничка заедница. И тогаш утврдивме, преку работа со средношколци, дека малку се знаењата меѓусебни на ладите луѓе, без разлика дали се дружат во исто училиште, сепак малку знаат едни за други, за културата на другиот, за јазикот, за обичаите… Колку повеќе ние како граѓански организации, државата воопшто, работи во зближувањето на различностите, но секоја со својата различност може да остане, меѓутоа ќе биде побогат ако го запознае другиот. “, изјави Точи.
Камера: Дехран Муратов
Монтажа Б. Јордановска
Оваа содржина е дел од Иницијативата „Обединети во различноста“ посветена на промовирање на различностите како предност, богатство и квалитет на нашето општество. Иницијативата ја води ЦИВИЛ, со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.
Наодите, мислењата и другите онлајн содржини објавени од страна на ЦИВИЛ, односно Редакцијата ЦИВИЛ Медиа, не мора да значи дека ги одразуваат оние на донаторите или спонзорите на ЦИВИЛ и на медиумската платформа на организацијата.