• Latest

Топ теми: Хоџа и медиумите

May 8, 2018

Нов притисок врз семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Топ теми: Хоџа и медиумите

May 8, 2018 15:15
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во фокусот и на денешниот ден сè уште останува именувањето на Џезаир Шаќири или  командант Хоџа, за советник на премиерот Зоран Заев, како надворешен соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот. Военото минато на поранешниот пратеник, неговото учество во конфликтот во 2001 и одлуката на Владата за негово активирање на политичката сцена останаа актуелни и за социлајните мрежи, медиумите и за пошироката јавност.

Во областа на медиумите Здружението на новинарите во Македонија изрази незадоволство кон Апелацискиот суд и граѓанскиот суд за нивната примена на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Сомневајќи се на политичка заднина за лошо процесуирање на случаите за навреда и клевета во кои се вклучени онлајн медиумите, од ЗНМ изјавија дека во најкраток рок очекувааат да се постапи по нивното барање за усогласување на судската пракса и во иднина Граѓанскиот и Апелацискиот суд во Скопје да ги процесуираат предметите според Законот, исто така најавија дека ќе достават и претставка до Судскиот совет за сите судии што несоодветно и селективно го применуваат Законот со цел да се утврди одговорност.

Никола Груевски денеска присуствуваше на рочиштето во случајот „Тенк“, како обвинет за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра. Одбраната на Груевски побара изземање на обвинителите од СЈО. Претходно одбрана бараше изземање на судиите кои ги водат овие предмети, како и на судии од Апелациски суд, кои по претпоставка би дошле во допир со предметите во иднина, но беа одбивани. Образложението за изземањето на случајот од СЈО е претпоставката дека Катица Јанева, како граѓанин е оштетена, затоа што СЈО е корисник на буџетски средства.

Во пресрет на одблежувањето на тригодишнината од „малата војна“ во Диво Насеље, Куманово, на 9 мај 2015 година, ЦИВИЛ -Центар за слобода организира панел -дискусија утре во Комитет, Куманово, со почеток во 13 часот. Учесниците на настанот ќе обидат да дадат одговор на овие и на многу други прашања поврзани со настаните и судските процеси за Диво Насеље.

Биљана Јордановска

 

Tags: актуелнокомандат ХоџаМедиумиЦивил
Share1TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ