• Latest
Фото извор: Wikimedia Commons

Тортурата е злосторство против човештвото: Меѓународен ден за поддршка на жртвите од тортура, 26 јуни

June 26, 2024

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Тортурата е злосторство против човештвото: Меѓународен ден за поддршка на жртвите од тортура, 26 јуни

June 26, 2024 08:34
in ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ЕДУКАЦИЈА, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото извор: Wikimedia Commons

Фото извор: Wikimedia Commons

Share on FacebookShare on Twitter

„Никогаш не смее да им се дозволи на мачителите да се извлечат од нивните злосторства, а системите што овозможуваат тортура треба да се уништат или трансформираат“

Антонио Гутереш, Генерален секретар на ОН

Тортурата се обидува да ја уништи личноста на жртвата и го негира вроденото достоинство на човечкото суштество. И покрај апсолутната забрана за тортура според меѓународното право, тортурата опстојува во сите региони во светот. Загриженоста за заштита на националната безбедност и границите сé повеќе се користи за да се дозволи тортура и други облици на сурово, нечовечно или понижувачко постапување. Неговите сеопфатни последици често го надминуваат изолираниот чин врз поединецот и може да се пренесуваат низ генерации и да доведат до циклуси на насилство.

Обединетите нации од самиот почеток ја осудија тортурата како едно од најлошите дејства извршени од човечки суштества врз човечки суштества.

Тортурата претставува кривично дело според меѓународното право. Според сите релевантни инструменти, тоа е апсолутно забрането и не може да се оправда под кои било околности. Оваа забрана сочинува дел од меѓународното вообичаено право, што значи дека е обврзувачка за секоја членка на меѓународната заедница, без разлика дали некоја држава ратификувала меѓународни договори во кои тортурата е изрично забранета. Системската или широко распространетата пракса на тортура претставува злосторство против човештвото.

На 12 декември 1997 година, со резолуција 52/149, Генералното собрание на ОН го прогласи 26 јуни како Меѓународен ден на Обединетите нации за поддршка на жртвите на тортура, со цел целосно искоренување на тортурата и ефективно функционирање на Конвенцијата против тортура и друг вид сурово, нечовечно или понижувачко постапување.

26 јуни претставува можност да се повикаат сите засегнати страни, вклучително и земјите членки на ОН, граѓанското општество и поединци насекаде да се обединат во поддршка на стотиците илјади луѓе низ светот кои биле жртви на тортура и оние кои сé уште се мачени денес.

Закрепнување преку рехабилитација

Закрепнувањето од тортура бара брзи и специјализирани програми. Работата на центрите за рехабилитација и организациите ширум светот покажа дека жртвите може да ја направат транзицијата од ужас кон закрепнување. Доброволниот фонд за жртви од тортура на ОН, администриран од Канцеларијата на ОН за човекови права во Женева, претставува единствен механизам фокусиран на жртвите кој канализира финансирање за помош на жртвите од тортура и нивните семејства. Основан во 1981 година со мандат да ги поддржува жртвите од тортура и нивните семејства, Фондот работи преку канализирање на доброволни прилози до граѓански организации кои обезбедуваат правни, социјални, химанитарни, психолошки и медицински услуги. Корисници се бранители на човекови права, лица лишени од слобода, деца и адолесценти, бегалци и мигранти, жртви на присилно исчезнување, домородни народи, жртви на сексуално и родово базирано насилство и ЛГБТИ лица, меѓу другите. Доброволниот фонд за жртви од тортура на ОН прима донации.

За да посведочите како службите за рехабилитација им помагаат на преживеаните од тортура во закрепнување, погледнете го трејлерот на Фондот за тортура на ОН, во кој се прикажани интервјуа со организации-корисници, преживеани и довереници.

Зошто го одбележуваме 26 јуни?

Меѓународниот ден на ОН за поддршка на жртвите од тортура на 26 јуни го одбележува моментот во 1987 година кога Конвенцијата на ОН против тортура и друг вид сурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување, еден од клучните инструменти во борбата против тортурата, стапи на сила. Денес, има 173 држави членки на Конвенцијата.

Што претставува тортура?

„Поимот ‘тортура’ значи секое дело со кое намерно се предизвикува силна болка или страдање, физичка или душевна, на некое лице, за цели како што се добивање информации од тоа или трето лице или признание, казнувајќи го за дело што тоа или трето лице го извршило или за кое постои сомневање дека го извршило, или заплашување или принудување на тоа или трето лице, или од која било причина заснована на дискриминација од кој било вид, кога таквата болка или страдање е нанесена од или по поттик на или со согласност или прифаќање на службено лице или друго лице кое дејствува во службено својство. Тоа не вклучува болка или страдање кои произлегуваат само од, својствени или случајни на законските санкции“ — Конвенција  против тортура и друг вид сурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување (1984, член 1, став 1)

Превод: Н. Цветковска / ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ