• Latest

Трагите на Русија во информативниот простор на Западниот Балкан

May 30, 2020
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Трагите на Русија во информативниот простор на Западниот Балкан

May 30, 2020 12:15
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Ова е резиме на четирите извештаи што ги објави Центарот на НАТО за стратегиски комуникации во рамките на проектот „Руското влијание на информативната средина во Западен Балкан“.

Проектот има за цел да ги истражи инструментите на влијание на Русија во Западниот Балкан, а фокусот е насочен на медиумската сцена. Анализата ги опфаќа руските активности во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и во Србија.

Преку проектот се анализираат руските интереси и алатките за влијание и ги идентификува ранливите точки на земјите во Западен Балкан со кои се посклони на непријателско влијание. Ги идентификува и наративите на Кремљ во Западен Балкан, но и се осврнува на улогата на локалните медиуми во земјите во регионот за да ги пренесуваат тие наративи. Извештајот дава основа, која им помага на заинтересираните страни да ги сфатат методите и средствата што ги употребува Русија за да влијае на процесот на донесување одлуки во земјите од Западен Балкан, како и детален преглед на регионалните карактеристики што го потпомагаат руското влијание во медиумскиот простор во регионот.

Стратегиските интереси на Русија и алатки на влијание на Западен Балкан (проф. Димитар Бечев)
Овој извештај го анализира местото на Западниот Балкан во стратегијата на Русија да ги придобие геополитичките интереси на регионот. Активностите на руската надворешна политика се поттикнати од три главни цели: да се зачува стабилноста на сегашниот режим, да се задржи контролата врз просторот по распаѓањето на Советскиот Сојуз и да се зачува неговиот статус како моќен играч во меѓународните односи.

Југоисточна Европа се простира подалеку од она што Русија го смета за своја привилегирана сфера на геополитички интерес. Но, Русија во Западен Балкан гледа можност за да ги поткопа ЕУ и НАТО така што ќе ги искористува слабите страни на земјите од регионот. Во таа смисла, Балканот е ранливата периферија на Европа, каде што Русија може да изгради упориште, да регрутира поддржувачи и каде што може да ја зголеми својата предност во споредба со Западот.

Руските дејства на Западен Балкан имаат цел да ја замрзнат сегашната состојба на статус кво (во случаите со БиХ и Косово), да го спречат проширувањето на НАТО и на ЕУ, како и да ги искористат слабостите во и меѓу земјите во регионот.

Алатките на Русија за вршење влијание може да бидат поделени на три дела: принуда, кооптација и субверзија. Русија сака да го шири своето влијание со минимални трошоци, а тоа не би било можно без поддршката од локални соработници. Затоа, руската политика на Западен Балкан најмногу е фокусирана на кооптација и субверзија, наместо на воени или невоени форми на принудување.

Кооптација е инструментот што Русија го има избрано за да го користи на Западен Балкан. Кремљ има изградено партнерства и сојузништво со локални политичари на власт во Србија и во Република Српска. На пример, Србија е во партнерство со Русија за да добие предност во косовското прашање и за да има придобивки од инвестиции и бизнис-врски. А пак Милорад Додик, лидерот на босанските Срби, во Русија го најде сојузникот за да си ја зацврсти моќта во Република Српска и да се спротивстави на централизацијата на БиХ.

Принудувањето преку воени средства е од помало значење за Западен Балкан отколку за другите региони што спаѓаат во сферата на интерес на Русија. Исто така, не е реткост да се види меко принудување што е на границата помеѓу нарушување и мешање во внатрешните работи. Како примери може да се посочат трговските ембарга и кибернападите, како во Црна Гора при крајот на процесот да стане членка на НАТО (2015-2017).

Субверзијата вклучува тактики како кампањи за (дез)информации и/или скриена поддршка за радикални антизападни фактори (партии и граѓански организации). На Западен Балкан најдобриот пример за тоа се напорите на Русија да го блокира членството во НАТО на Црна Гора и да го наруши процесот на промена на името во Северна Македонија.

Ризиците и ранливите точки во Западен Балкан (Руфин Замфир, Центар за глобален фокус)

Овој извештај ги идентификува ризиците и ранливите точки што непријателските настроени фактори може да ги искористат за да вршат влијание во земјите од регионот на Западен Балкан. Во извештајот, врз основа на методологијата развиена од Центарот за глобален фокус во претходните студии, се содржи индексот за пропустливост со кој се мери ранливоста на секоја земја, со која е подложна на штетно влијание за потоа да ја поддржи во напорите да ја зацврсти отпорноста.

Ранливите страни се проценуваат преку четири домени: општество, економија, политика и надворешна политика и безбедност.

Според индексот, Северна Македонија и Албанија се најмалку ранливи, но Босна и Херцеговина се смета за најранливата земја во регионот. Рангирањето на БиХ се должи на сложената политичка, општествена и економска средина на земјата, а најмногу на длабоките поделби меѓу Република Српска и Федерацијата на БиХ (двата ентитета), кои предизвикуваат збунетост во врска со стратегиската ориентација на земјата.

Политиката е доменот со највисок потенцијал за пропустливост во сите земји што биле предмет на анализа. Најчестите ризици се во врска со концентрацијата на моќ, високиот степен на корупција, заробена држава и организиран криминал, како и неказнивоста на политичките елити.

Сите овие варијабили придонеле за чувство на разочараност кај јавноста од политичките елити. Уште една ранлива страна во овој домен претставува и клиентелистичкиот, трансакциски и нулта-сума политички натпревар. Исто така, концентрацијата на моќ му штети на политичкиот дијалог и поттикнува етничко-националистички сентименти, кои, пак, им даваат простор за маневрирање на штетните влијанија.

Во доменот на општество, постои загриженост во врска со општествените поделби во пораст (вооружени и од надворешните и од внатрешните нарушувачи во Косово и БиХ) и етнички национализам. Медиумите остануваат да служат како најдиректна маршрута за штетното влијание врз општествата. Со постојаните обиди на владата и на здржените медиуми да ги поткопаат независните новинари, општествата останаа без клучната заштита против пропаганда.

Во доменот на економијата, најчестите ранливи страни се поттикнати од корупција, слаби економски политики и лошо планирање, како и од употребата на националистички ставови во економската политика (како на пример одлуката на Косово да ги зголеми царинските давачки за српски и босански производи во 2018). Организиран криминал и висока корупција се исто така идентификувани како ранливи страни во секоја од анализираните земји. Енергетскиот сектор треба да се реобнови преку замена на застарената опрема и да се диверзифицираат изворите. Оваа потреба создаде можности за надворешните фактори да соработуваат со локалните влади.

Во доменот на надворешна политика и безбедност, земјите што немаат способност да ги формулираат нивните политики за надворешни работи и безбедност се поранливи на странско влијание отколку оние со јасно дефинирана ориентација на надворешна политика. Исто така, земјите се повеќе ранливи ако има нерешени спорови уште од распадот на Југославија, хиерархиски процеси на донесување и спроведување одлуки и непостоењето механизми за да се консултираат чинители за утврдување кохерентна стратегија за надворешна политика.

Руските наративи за Западен Балкан: анализа на статиите на српски „Спутник“ (Атлантски совет на Црна Гора)

Овој извештај ја анализира содржината на вестите на српски јазик објавени од порталот „Спутник“ со цел да ги проучи руските наративи за земјите од Западен Балкан, ЕУ и НАТО.

„Спутник“ е познат како еден од главните руски канали на влијание во медиумите од Западен Балкан. Има потенцијал да привлече читатели во неколку земји што зборуваат босански, хрватски, црногорски и српски. Локалните медиуми често ги преземаат статиите објавени од овој портал.

Овој извештај ги анализира резултатите од едногодишно истражување спроведено во 2018 година. Во текот на истражувањето, авторите анализирале 7.193 статии за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, како и за ЕУ и НАТО.

Тие ги идентификуваат следниве наративи пласирани од српски „Спутник“:

– ЗБ е терен за судирот на интереси помеѓу Истокот и Западот

– Регионот на ЗБ е нестабилен и подлежен на конфликти

– ЕУ е хегемонија

– Земјите од ЗБ се слаби, неспособни и корумпирани

– Човековите права таму се загрозени

– ЕУ и НАТО се слаби и необединети

– НАТО е агресивна организација, која служи да провоцира

– Црна Гора сака да ја преправи историјата

– НАТО е бескорисно

Анализата покажува дека „Спутник“ се обидува да нагласи дека регионот е поделен на происточна и прозападна страна. Наративите поттикнуваат неспокој, несигурност и загриженост во регионот. Западен Балкан е претставен како следното место за конфронтација помеѓу НАТО и Русија, а за земјите од регионот се вели дека во иднина ќе треба да одберат на чија страна се.

За земјите како Црна Гора, Албанија и Северна Македонија, кои се поблиску до Западот, се вели дека го губат суверенитетот поради западното влијание. Тие се претставени како корумпирани жаришта на криминал каде што правата на малцинствата не се почитуваат. Во меѓувреме, Србија е постојано прикажана како економски најуспешната земја во регионот.

Додека ЕУ е претставена како хегемонија, која постојано се меша во регионалните дијалози, НАТО е прикажано како агресивна организација, која ги провоцира Србија и Русија.

Во меѓувреме, Русија е презентирана како заштитник на Србите во Косово, додека Западот го подржува тамошното албанско население. Русија е претставена и како воена сила од која НАТО се плаши и како нејзина жртва.

Српски „Спутник“ е навидум професионална медиумска агенција. Најголем дел од содржините што ги објавува (88%) се вести, а не анализи, интервјуа, итн. Но, иако многу од статиите се неутрални, повеќето (65%) ги претставуваат случувањата во Западен Балкан во лошо светло.

Во трагите на руските наративи во медиумите на Западен Балкан (Тихомира Дончева)

Оваа студија е изработена како дополнителен извештај на „Руските наративи во Западен Балкан: Анализа на српскиот „Спутник“. Нејзината цел е да објасни до кој степен Русија има потенцијал за да ги шири наративите во медиумскиот простор на Западен Балкан. Иако српскиот „Спутник“ не е меѓу најпопуларните извори на информации за локалната популација, сепак таа е изложена на наративите на “Спутник“ така што тие наоѓаат пристап до локални медиуми.

Анализата е фокусирана на пет наративи веќе идентификувани на веб-платформата на српскиот „Спутник“ во врска со ЕУ и НАТО и како тие се претставени во медиумите на босански, хрватски, црногорски и српски јазик во 2018 и јануари-јуни 2019. Анализирани се следниве наративи:

– ЕУ е слаба и необединета

– ЕУ е хегемонија

– НАТО е агресивно

– НАТО нема придобивки

– НАТО е слабо и необединето

Степенот на руската мрежа на влијание во медиумскиот простор во регионот е одреден преку идентификување медиуми кои редовно објавуваат статии, како тие на српскиот „Спутник“ во врска со теми за ЕУ и НАТО. Повеќето од овие фактори се идентификувани како дел од ширењето дезинформации во регионот, заедно со српскиот „Спутник“. Српскиот „Спутник“ е присутен во медиумскиот простор во Западен Балкан како зајакнување и како оригинален извор на информации.

Не постои одредена формула како локалните медиуми ги реобјавуваат содржините на „Спутник“. Истиот медиум може некогаш да го цитира „Спутник“ ако содржината е ископирана, а некогаш и да не наведе извор. Некомерцијалните медиуми најчесто даваат линк до статиите на „Спутник“, а популарните медиуми многу ретко го цитираат српскиот „Спутник“ како извор, но затоа ја наведуваат српската новинска агенција Танјуг. Српските таблоиди често ги објавуваат истите или слични содржини, но многу ретко го наведуваат „Спутник“ како нивен извор. Таблоидите на сајтовите исто така го менуваат насловите за да звучат посензационалистички отколку оригиналниот наслов на српскиот “Спутник“.

Проруските наративи или дезинформации имаат пристап до публиката во земјите во регионот како резултат на структурните ранливи страни во медиумскиот простор на Западен Балкан: неквалитетни закони за медиуми, контролирана медиумска слобода и медиуми кои се борат да опстојат. Српскиот „Спутник“ нуди квалитетни статии бесплатно со што пополнува празнина од информации.

Непостоењето конзистентност во тоа како изворите на информациите се презентирани во медиумите, меѓу кои и не наведувањето на авторот или изворот, овозможува наративите на Кремљ да имаат пристап до публиката на Западен Балкан, бидејќи читателите речиси и да немаат шанси да го дознаат оригиналниот извор на содржината што ја читаат.

Српскиот „Спутник“ промовира наративи кои ги искористуваат постојните регионални тензии, општествени поделби или итни предизвици со што јавното мислење во регионот станува поларизирано. Српскиот „Спутник“ има подобар потенцијал да допре до поширока публика (поголема активност на социјалните мрежи и дистрибуција во локалните медиуми) кога известува за актуелни прашања во регионот.

Препораки

  1. Да се применува стратегиско-комуникациски менталитет. Важно е владите во земјите од Западен Балкан, ЕУ и НАТО да ги разберат потребите на публиката и да ги усогласат зборовите до делата, како и да понудат перспективи за понатамошен развој на регионот. Од голема важност е да продолжи проширувањето на ЕУ и на НАТО и постојано да се испраќаат пораки во врска со процесот за да се избегне да се појави чувство дека Западот ги напуштил овие процеси.
  2. Да се идентификуваат ранливите точки на секоја земја и да се затвори институционалниот јаз. Фокусот на подобрување на демократијата и владеење на правото е важно да продолжи. ЕУ и НАТО треба да ги охрабрат земјите од Западен Балкан да работат на зголемување на транспарентноста во повеќе сфери, меѓу кои партиско финансирање, судски реформи и добро владеење.
  3. Да се споделуваат најдобрите практики и научени лекции за борба против непријателско влијание помеѓу земјите од Западен Балкан, ЕУ и НАТО.
  4. Да се инвестира во јакнењето на граѓанското општество и зголемување на свесноста за закани и методи на непријателско влијание, особено во информативниот простор. За ова се потребни политики на долг рок – јакнење на образованието, критичко размислување и медиумска писменост, како и итни активности, меѓу кои детектирање и претставување на методите за непријателско информативни кампањи и манипулирање.
  5. Да се насочат напорите за да се адресираат структурните ранливи точки на медиумскиот простор на Западен Балкан – промовирање медиумски плурализам, слобода и квалитетно известување.
  6. Да се обезбеди алтернатива на известувањето од медиуми финансирани од Кремљ. Содржините и стилот на пишување на српскиот „Спутник“ се добро прифатени од поголем дел од публиката во регионот. Затоа, приоритет е да се утврди кои теми и стилови на известување се привлечни на локалната публика за да се обезбеди алтернатива на информациите кои се нудат од медиуми финансирани од Русија.
  7. Да се продолжи со анализирање на методите и ефектите на руското влијание. Од голема важност е да се истражат не само активностите на Русија и каналите во медиумскиот простор на Западен Балкан, туку и да се разбере како и зошто наративите што медиумите финансирани од Кремљ ги промовираат се добро прифатени од локалната публика. Дополнителните истражувања треба да ја разгледаат подлабоко улогата на локалните фактори што соработуваат со Кремљ и со неговите поддржувачи за подобро да се процени основата на руското влијание на Западен Балкан

извор МИА

Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ