Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе објави план за борба против кризата од зависност од опијати/опиоиди, што вклучува и барање за смртна казна за дилери на дрога.
Тој го повика Конгресот на САД да ги заостри законските мерки со кои се одредува казна за шверцерите со дрога, информираат од Белата куќа.
Со тој план Белата куќа ќе се обиде да го намали добивањето на рецепти за употребата на опијати/опиоиди за една третина во наредните три години, со тоа што ќе ја промовира праксата за намалување на претераното препишување опијати/опиоиди во сојузната програма за здравствена нега, изјавија официјални лица на брифинг за новинари.
Трамп ќе ги претстави своите предлози на настан во сојузната држава Њу Хемпшир, која е тешко погодена од „опиоидна епидемија“.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.